sara ljubomora

Пишува: Сара Танаскоска

Љубомората како чувство секогаш постоела. Таа не е нова појава туку тивко расте во сегашноста. Денес, веќе никој не гледа на успехот како мерило, туку како среќа. Ова горчливо зборче постои откако постои човекот. Но денес во ова време-невреме на постојана изложеност, споредување и дигитална видливост, таа добива една нова уникатна форма на тивка, секојдневна и речиси нормализирана.

Некогаш, љубомората постоеше во друга форма и најчесто се јавуваше во блиските кругови. Денес сите по малку се мразиме колку и да не сакаме да си признаеме. Сурово ама вистинито, се шири во бесконечни насоки. Со еден потег, гледаме туѓи животи кои изгледаат подобро, поуспешно и посреќно од нашите. Малку несвесни дека тоа е маската на современиот живот. Така празни во душата се осудуваме да се мешаме во туѓата мака, да солиме туѓи рани и можеби најважното ние сме тие кои не знаат да се стават во нечии чевли.

Нам ни фали емпатија, можеби тука љубомората престанува да биде само лична емоција. Таа станува „синдром на сегашноста“. Состојба во која постојано се споредуваме со нешто што не е целосно реално, но делува пореално од нашиот „празен“ живот. Не ги гледаме туѓите падови, сомнежи, несигурности. Го гледаме само резултатот, не процесот. А токму процесот е местото каде што живее вистината.

Јасно е дека љубомората често се маскира како мотивација. Тивко си велиме: „Тоа ме турка напред“. Но, кога е хронична, таа не мотивира, туку не троши. Не гради амбиција, туку создава чувство на недоволност. И во таа состојба, човек почнува да живее туѓ живот во својата глава, наместо својот во реалноста.

Можеби најопасното кај современата љубомора е тоа што ретко се признава. Полесно е да се каже „инспириран сум“, отколку „се споредувам и ме боли“. Но токму искреноста кон себе е првиот чекор кон нејзиното разбирање. Не постои човек што не се споредува. Меѓутоа прашањето не е дали ќе се појави љубомора, туку што ние правиме со неа во моментот кога ќе се појави. Дали ќе ја оставиме да не води, или напротив ќе ја користиме како сигнал дека сме се оддалечиле од сопствениот пат.

Можеби не можеме да престанеме да гледаме туѓи животи, ниту пак целосно да ја оттурнеме љубомората од себе. Но можеме да научиме да ја препознаеме, да не ѝ дозволиме да нè дефинира и да нè оттурне од сопствената вредност. Зашто вистината е едноставна додека го мериме својот живот со туѓи мерила, никогаш нема да го почувствуваме како свој. А можеби токму тоа е најголемата загуба на сегашноста: што повеќе гледаме наоколу, отколку во себе.

28 дена до посилен имунитет: Истражување во Финска покажа дека децата треба да играат во кал
Во време кога родителите се стремат кон чистота, дезинфекција и „стерилна“ околина, …
„Двојна визија“  – изложба на Ема Илоска и Андреа Ресановиќ
Гимназијалките Ема Илоска и Андреа Ресановиќ од СОУ Гимназија „Јосип Броз – …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…