nissi bay beach nas

Кога ќе дојде септември оние кои веќе биле на одмор размислуваат за некоја есенска екскурзија, а оние кои одат во текот на овој месец едвај чекаат да одат на море и да ги искористат последните денови од летото. Но што е со оние кои кои се уште немаат искористено одмор?

На море можете да одите и во октомври, и тоа за екстра пониски цени да уживате во дестинации кои во текот на сезоната се реално прескапи. Тогаш не само што има помалку гужви и цените се пониски, морето е сè уште доволно топло за да можете да пливате.

Еве Ви предлог за неколку такви дестинации:

nissi bay beach 22

Турција
Како место кое има многу сончеви денови, Анталија е една од најдобрите дестинации што можете да ги посетите удобно во октомври.Она што е важно е дека во октомври ќе најдете сеопфатни аранжмани со поволни цени со кои ќе уживате во добро познатиот All Inclusive концепт. Цените за почетокот на октомври се од 350 евра по лице за 7 дневен аранжман со чартер лет од Скопје.

O6b0AV5p

Египет
Црвеното Море е едно од најтоплите во светот, а октомври се уште е сезона на пливање. Октомври е одличен месец за посета на Хургада, затоа што тогаш нема да морате да се грижите за екстремните температури и многу силно сонце, а сепак ќе можете да уживате во прекрасното море, да го гледате подводниот свет, да ја истражите пустината и да го посетите Бедуинското село а секако дека мора да ги посетите и пирамидите во Каиро. Цените за 7 дневен аранжман во Хургада во октомври се од 489 евра со вклучен чартер лет од Скопје со All inclusive услуга.

египет 5

Кипар
Кипар со причина го наречуваат Сончев остров, што значи дека есента е вистинско време за летен одмор, односно за капење.Овде лето е од март па се до крајот на октомври. Посетата на ова дестинација во октомври значи помалку гужва на плажите и градовите.Кипар има прекрасни плажи а една од нив е плажата Nissi. Ако се решите за одмор во Кипар, најдобра опција е да измајмите мотор на 4 тркала и да го истражите целиот остров.

nissi bay beach 18


Аја Напа секако е најпознатото туристичко место каде ќе се изненадите од достапните цени за туристите. Ако Вашиот избор е Кипар тогаш Вашата опција за патување е со лет од Солун.

nissi bay beach. 2

Тенерифе
По лудите летни месеци, во октомври сè е малку побавно, со помалку гужви и послабо сонце, но сепак е доволно топло за капење. Не многу луѓе се одлучуваат да летуваат на најголемиот Канарски остров во октомври, но тоа е грешка, бидејќи многу хотели тогаш нудат многу поевтино сместување отколку во екот на сезоната. На островот има неколку прекрасни плажи, некои од нив се опкружени со огромни, впечатливи карпи, а дефинитивно треба да ја истражите внатрешноста, односно Националниот парк Теиде. Во него се наоѓа третиот највисок вулкан во светот, кој можете да го видите додека се возите на жичарницата.

beach 1044740 1280

Октомвриските цени за овие дестинации може да ги погледнете на www.jk.mk.

JK Travel

Претплатете се за новости

You May Also Like

Фотогалерија од црвениот тепих на затворањето на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола

Вечерва заврши 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.…

„Руска црква“ го чува споменот на големиот угодник Божји, свети Јован Шангајски кој често богослужел во неа

Мала и невообичаена по својот изглед, но зрачи со огромна светлина. Кој…

Фотогалерија од црвениот тепих на 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Фотогалерија од црвениот тепих на отворањето на 44. издание на Фестивалот на…

Истанбул – градот кој ве остава без здив

Репортажа на Маја Богоевска Кога се доближувате до него, ви се јавува…