Јана Стефановска од АК Олимп од Битола е второпласирана на 5К трката на ТРЧАЈ БЕ, која се одржа вчера, на која настапија 1.500 учесници од 17 држави, со резултат 20:59 минути.

nagradi trcaj be 14

„Пласманот и медалот е освоен на домашен терен, каде што очекувањата се големи, но се има и трема пред домашната публика. Многу сум среќна што токму на ТРЧАЈ БЕ имаме пиедестал. И јас и екипно како АК „Олимп”. Прекрасно е чувството да се трча дома, со врвни атлетичари, кои ги красат феноменални резултати. Плус, Битола е преубава за трчање” – изјави Јана.

trcaj be 185

Јана работи интензивно со тренерот Демир Даутовски. И оваа сезона има одлични резултати. Прво место на 5К на „Охрид Трчат” и солидни пласмани на сезонските натпревари.

trcaj be 186

На вчерашната трка ТРЧАЈ БЕ, од АК Олимп од Битола, учество зедоа и Изабела Насковска која трчаше на 21К, а Стефанија Лазарева, Леа Ѓорѓиевска, Антониа Крстевска, Христина Илиевска, Христијан Шаклевски, Стефан Туловиќ, Дони Петличковски, Мартин Митрески и Бојан Ѓеровски, кои работат и до тренерот Даутовски, а неодамна засилени и со Вера Вељановска имаа одличен екипен пласман на 5К. Така, битолскиот атлетски тим, екипно се закити со уште две признанија: Женски 3 место екипно 01:40:50 Машки 2 место екипно 01:20:53 Браво за атлетска Битола.

meblo trejd alati
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…

Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…