Кој им дава право на кој било, децата да ги поставува во калап?
Што значи да се биде „прилагоден“?
Ако тоа значи да се биде невидлив и незабележан, ако тоа значи дека не се истакнуваш според своите потреби, соништа, амбиции или способности, тогаш може да се каже дека е жално што нема многу повеќе „неприлагодени“ деца или ученици.
„Работејќи во училиште, предизвик ми беше да ги набљудувам децата и нивното однесување и начинот на вклопување во средината, како функционира мнозинството и неговото надвладување. Принципот на чопорот, за жал функционира уште кога детето ќе почне да посетува градинка, а понатаму во училиште може да биде навистина голем проблем за кој премалку се говори. Овој принцип повеќе е изразен кај девојчињата, но го има и кај момчињата.
Училишните години на едно дете се полни со предизвици. Детето, кое е неопходно постојано да биде перцепирано како човек. Во училишниот период, детето си го бара своето место во себе и во светот преполн со разнишани одлуки кои се дел од растењето и созревањето на секоја општествена личност, но најмногу кај децата. Тоа се оние одлуки за кои не мислиме на она што навистина ние сакаме, туку како ќе реагира на нив заедницата која нѐ опкружува. Желбата да бидеме прифатени од неа по секоја цена – пишува Наташа Јукиќ, образовен асистент во настава со деца со потешкотии“.
„Често го набљудувам девојчето кое седи само в клупа на голем одмор. Таа не носи посебно украсена училишна торба, не носи златни патики, ниту ги пее тинејџерските песни кои се популарни на ТВ. Понекогаш ги набљудува стеблата и и облаците. Некогаш се обидува да разговара со соучениците – некогаш обидот ѝ успева. Вели дека би сакала да игра игри во кои не се вреска и не се трча како мува без глава – за неа тоа нема смисла. Не ја интересира балет, ни модерни танци. Таа тренира пинг-понг, единствена е во одделението. А има и едно момче. Тоа не ја шутира топката постојано, вели дека тоа не му е забавно. Но, затоа знае многу за планетите, програмирањето и пишува убави приказни. Нема фризура со „црта“ како фудбалерите од насловните страници, вели дека тоа не му се допаѓа. Тоа се оние деца кои се во добри односи со сите, но со никого посебно. Не се асоцијални, но не прифаќаат сѐ, филтрираат – продолжува таа“.
Нивните родители не одат на кафе по молови за да се дружат нивните деца. Немааат потреба на роденденската забава да го поканат целото одделение и прославата да ја споделат по социјалните мрежи. Родителите на овие деца често се повикуваат во училиште, бидејќи децата им се „неприлагодени“. Овие деца често имаат одлични оценки, со беспрекорно однесување.
Но, според, учителите и стручната служба овие деца не се вклопиле во училишниот процес (систем).
Училишниот систем функционира така што овие „неприлагодени“ деца, ученици се запоставени. Во суштина им е многу здодевно на настава. Исто, причина може да биде и тоа што според зрелоста се понапред од своите врсници или имаат потреба од покреативен пристап.
Што значи воопшто тоа да се биде прилагоден?
Возрасните луѓе поминуваат години на психотерапија обидувајќи се да се пронајдат себеси. Оние истите кои ги вкалапиле како мали за да им биде лесно?! На кого да му биде лесно?!
Постојат деца, ученици, небитно дали верувате или не, кои никогаш не чуле турбо-фолк песна. Постојат деца кои никогаш не гледале спортски натпревар пред телевизор туку на стадион, постојат деца кои поминуваат време читајќи, цртајќи, размислувајќи, учејќи да свират музички инструмент.
Тие се оние кои на училишна забава можеби ќе сакаат да се забавуваат со музиката на Ролинг Стоунс или ќе смислат лотарија, друштвена игра, дебата за цело одделение или клас…и сите ќе ги гледаат чудно, некои ќе бидат воодушевени. Овие деца никого не го копираат, никого не го повредуваат, тие само си се прилагодени убаво сами на себе.
Ова општество колку и да е труло , мора да се научи да ги почитува различностите како квалитети, а не како недостатоци. Мораме да имаме на ум дека неприлагодените ученици ги носат промените во заедницата, светот, а не мноштвото народ кое живее по одреден шаблон: роди се, јади, работи, размножи се и умри.
Потсетете се на Никола Тесла, Ван Гог, Тоше Проески …
А вие возрасните, застанете за миг во животнава итаница и размислете што би му кажале на детето во себе кога би имале можност да се вратите назад…никогаш не е доцна да се сменат работите на подобро, никогаш.
Сѐ се може ако се сака, само ако се сака.
Секое дете кога ќе дојде на овој свет носи одреден дар, нам, на возрасните е да го му развиваме тој дар, а не да го уништиме, ова се однесува и на родителите и на учителите и на целото општество.