sofija purovska

Софија е млада и талентирана девојка, воспитано дете кое знае што сака од животот. Само што го заокружи своето средно образование во СОУ Гимназијата „Јосип Броз – Тито“ – Битола. Периодов наназад објави неколку видеа каде исполнува македонски познати песни на фолк сцената, а неодамна, заедно со битолчанецот Никола Зацески настапија заедно на фестивалот Фолк Фест Валандово ’24 со песната „Љубовта е оган“ – композиција на браќата Барбаровски. Композицијата потсетува на старите добри фестивалски денови, добро е што има млади и талентирани луѓе кои можеби ќе ги вратат некогашните квалитетни критериуми.

Очигледно, Софија е поделена меѓу психологијата и музиката, што и да избере – ветува. Поводот за интервјуто во Читај бе – како млад човек, има што да каже.

gimnazija josip broz tito 16

Читај бе: Која е Софија Пуровска?

Софија: Софија е девојка полна со радост, љубов, аспирации за животни постигнувања. Таа филозофски размислува, секогаш избира тешки задачи кои ги изработува со голема посветеност и одговорност.

Читај бе: Кои се твоите планови по завршувањето на средното образование?

Софија: Сакам да продолжам да чекорам гордо, но сепак понизно напред. Да го остварам она во што верувам, да бидам искрена пред себе и пред Бога.

gimnazija josip broz tito 9

Читај бе: Како започна твојата музичка приказна?

Софија: Од мала бев опкружена со музички звуци, како што растев сè повеќе се вљубував во таа уметност. Но пред четири години започнав искрено да ја сакам. Тогаш започнав постојано да слушам, анализирам и проучувам до детали и имав музичка поддршка до мене која и ден денес е достапна за да ми пренесе нови знаења во таа област.

Читај бе: Зошто народна музика?

Софија: Затоа што таа е изворот на целокупното творештво на еден народ, особено на нашиот македонски. Во неа егзистира психологијата на определен народ. На каков начин порано луѓето ги искажувале своите емоции, како ги доживувале настаните, ситуациите во кои се наоѓале. Ја чувствувам како своја, можеби и затоа ме интересира и Психологијата како наука која сакам да ја проучувам и работам на неа понатаму. Патем, сакам да слушам класична и забавна музика.

Читај бе: Освен што убаво пееш и многу читаш. Кој ти е омилен автор?

Софија: Сакам да читам филозофско-психолошки книги, бидејќи ме поттикнуваат да размислувам активно. Би ги издвоила, Достоевски и Херман Хесе. Тие двајца автори досега најмногу имаат допрено до мојот ум.

sofija 1

Читај бе: Омилена песна?

Софија: Имам повеќе, но би ги издвоила: Љуби ме и главата горе и Розо моја црвена.

Читај бе: Што би сакала да му кажеш на светот, а си немала можност досега?

Софија: Најважно е да бидеме искрени и полни со љубов во себе, за да можеме таа искреност и таа љубов да им ја дариме на оние кои навистина ја заслужуваат.

sofija 2

Читај бе: Како си поминавте на фолк фестивалот Валандово – настапи заедно со Никола Зацески

Софија: Поминавме прекрасно, беше убаво искуство. Освоивме награда за дуетот ,,Љубовта е оган” компонирана од страна на едни од најдобрите композитори, браќата Барбаровски. Воедно и мојата прва песна официјално, заедно со еден прекрасен уметник како што е Никола.

Читај бе: Кои се твоите планови за летово?

Софија: Сакам ова лето да ми биде правилно исполнето и уште повеќе посебно од претходното. Благодарно работам на тоа.

jk travel leto 24
Доверба: Бесценет подарок кој често се зема здраво за готово
Довербата е една од највредните основи на секоја врска, било да е …
Најдобрите скијачки дестинации на Балканот за совршен зимски одмор
Балканскиот полуостров е богат со планини, што го прави одлична дестинација за …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…