lea naslovna

54 години најстариот светски детски ликовен конкурс кој е формиран во 197О година од страна на Министерството за надворешни работи на Јапонија, Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија, Јомиури Шимбун Јапонската федерација за уметнички дизајн и Здружение за јапонско уметничко образование е алфа и омега за оценка и проценка на ликовниот талент кај младите ликовни уметници од цел свет.

viber image 2024 06 22 12 01 07 839

Детската уметност носи посебна фасцинација говори жири комисијата на овој престижен конкурс.

viber image 2024 06 22 12 01 08 386

“За децата кои го создаваат тоа е шанса да откријат нов начин на изразување со помош на моливи, пастели, боички и боја. За возрасните, уметноста на децата обезбедува поглед на светот на детето, место често многу различно од избрзаниот, проблематичен свет на возрасните. Детската уметност содржи свежина и искреност за која многу постари уметници залудно се борат со години да се обидат да ја постигнат.

viber image 2024 06 22 12 01 08 103

Она што најмногу изненадува е вродена уметничка смисла што многу млади уметници ја прикажуваат со мала уметничка обука. Тоа не потсетува дека уметноста треба прво и основно да биде израз на срцето и умот, а таа техника, иако е важна, никогаш не треба да ја земе предноста пред чинот на опишување на она што се гледа и чувствува.

Меѓународните уметнички натпревари и изложби обезбедуваат средства за децата во светот да комуницираат на некој начин што ги надминува расата, јазикот и културата.”

viber image 2024 06 22 12 01 08 332

За 2O24 година за 54. издание на натпреварот пристигнаа уметнички дела од 8О земји и над 4О.ООО млади ликовни уметници од цел свет додека иста цифра на над 4О.ООО цртежи и од млади ликовни уметници пристигнаа од земјата домаќин – Јапонија со што пријавите за награди достигнаа фасцинантни 8О.ООО детски цртежи со што меѓународната жири комисија имаше полни раце работа.

viber image 2024 06 22 12 01 08 773

По неколку месечна евалуација и селекција пристигнаа и резултатите кои говорат за огромното влијание на Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола на светското младинско сликарско поле со што од 3О цртежи од исто толку ученици кои единствено ја претставија Македонија согласно оценките добиени се следните високо-престижни награди:

  • Стерјев Леа [ 16 ] добитничка на најголемото признание – добитник на врвен* златен медал за цртежот на тема “Морски Свет”
    *[ по градацијата на медали тоа е медал кој е на највисоко ниво кон оценката на ликовниот талент на ученикот и е сегмент над златниот медал ];
  • Горазд Георгиевски [ 8 ] добитник на сребрен медал за цртежот на тема “Жаби”;
  • Ивана Јовановска [ 11 ] добитничка на бронзен медал за цртежот на тема “Мојата баба”.

“Учеството на 54 издание на најстариот светски детски ликовен конкурс во Осака – Јапонија не е ништо ново за Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола кое беше редовен учесник на овој конкурс над 25 години. Факт е сепак дека последните 5 правевме пауза во аплицирањето а во таа временска дистанца светскиот бренд за сликарски материјали Пентел стана и генерален покровител на самата манифестација со што правилата значително се изменија особено во квалитетот и строгите критериуми на организаторот.

И покрај се верувајќи во ликовниот талент на нашите ученици од директорот господинот Масами Зенија ги добивме информациите за нашиот успех со надеж дека времено прекинатата соработка ќе продолжи и во иднина со информации за учество на јубилејното 55 издание за 2О25 година и насоки дека во септември специјалните медали за нашите ученици ќе пристигнат во Битола.

И ова воопшто не е мал успех ако повториме дека бројот на учесници е над 8О.ООО млади ликовни уметници од 8О земји и подвлечеме дека Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола го реализира бесплатно за нашите ученици кои 56 години се амбасадори на Битола во светот со голем акцент на Јапонија.” – истакнаа Елена Хаџи-Антоновска и Славчо Неделковски од Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола.

viber image 2024 06 24 19 21 40 811

Леа Стерјев [ 16 ] е ученик при Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола нешто помалку од 1О година. Добитник е на голем број награди од бројни светски детски ликовни конкурси при што само изминатите три години е учесник на 23. и 24. [ 2O22 – 2O23 ] издание на светската детска ликовна колонија во Евора – Португалија каде го има освоено второто место – сребрен медал во својата возрасна категорија.

viber image 2024 06 24 19 22 24 743

Учесник е на светската детска ликовна колонија Мал Битолски Монмартр во 41. – 42. и 43. издание [ 2O22 – 2O24 ] како и во двете изданија на детската ликовна колонија во Бугарија Мал Монмартр во Пловдив 2О22 и Мал Монмартр во Софија 2О23 година. Добитник е на сребрен медал на Светскиот детски ликовен конкурс кој 35 години по ред го организира регионалната канцеларија за култура на Газиантеп во Република Турција за 2О24 како и 2 златни медали на 52. издание на светската детска изложба на ликовни уметности “ICEFA Lidice” 2О24 година од Чешка како и сребрен медал за 2О24 година од 2О. издание на светската детска ликовна изложба по конкурс а во организација на Министерството за образование на Романија – градската Општина Липова и Липова детскиот ликовно креативен клуб од Романија и златен медал од VI издание на светскиот детски ликовен конкурс Уши и шепи кој го организира Детското ликовно студио No 17 под покровителство на одделот за култура на главниот град на Сибирскиот регион на Руската Федерација – Новосибирск за 2О24 година.

viber image 2024 06 24 19 23 02 087

Стерјев е добитник на високи признанија од светските детски ликовни конкурси во Индија – Словенија – Романија – Турција – Полска – Србија – Германија … како и УНЕСКО младинскиот институт во Троа – Франција. Во 2О23 година за своите достигнувања во ликовната уметност преку Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола добива Пофалница од Општина Битола а од страна на Министерството за образование и наука и четири годишна стипендија за талентирани ученици во средно образование од сферата на ликовната уметност.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…