interaktiv naslvna

Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола на завршна конференција ги презентираше резултатите од Иновативната иницијатива „Поттикнување на претприемачкиот дух кај младите во општина Могила“. На настанот учество зедоа проектниот администратор м-р Иван Дургутов, градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски, претседателката на Советот на општина Могила, Маргарита Груевска, експертката за младински прашања, Анета Ристевска, како и мобилизаторите на заедницата Мартин Ристевски и Ангела Ристевска. 

Изминатиов период во рамките на проектот Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола преку организирање на фокус групи и деск анализа спроведе истражување за состојбата на младите во општина Могила, реализираше три обуки за претприемништво, граѓански активизам и пишување на ЦВ, мотивационо писмо и подготовка на интервју за работа, а исто така реализираше и две герила акции „Зборот е збор“ и „Акција, не ЌЕ“. 

interaktiv00

На завршната конференција им беа врачени благодарници и сертификати на учесниците на проектот. Спроведените активности од Иновативната иницијатива „Поттикнување на претприемачкиот дух кај младите во општина Могила“ беа во рамки на проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Целта на проектот беше зголемено вклучување на младите во подобрување на нивната социо- економската ситуација преку структурен дијалог со локалните власти и активни мерки за промоција на претприемништво и потребни вештини и знаења кај младите во Могила.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…