in memoriam mile

Денес 9 мај 2023 година во 75-тата година од животот почина познатиот карикатурист, новинар и естраден работник Миле Милевски
Работниот век го помина како новинар во весникот на трговското претпријатие „Јавор “ од Битола, а беше познат по тоа што работеше како тапанар и пејач во групата „Боцкин“.

По повод неговиот јубилеј 50 години магазинот за хумор и забава „Без навреда“ го објави следниот текст:

50 ГОДИНИ ЈУБИЛЕЈ

Миле Милевски е роден во социјализмот, жртва на демократијата, без споменик на коњ покрај Драгорот кај на Сали мостот.
Првата карикатура ја објавил во „Остен“ 1969 година. Ја нацртал во студентската населба „Медицинар“ во Скопје. Карикатурата била посветена на еден заболекар кој во количка полна со клешти и други дрангулии оди по улица и вика: Заби поправам. Уште тогаш пред 50 години Милевски предвидува што ќе се случува во здравството денес.

Објавувал во Студентски збор, Нова Македонија, Трудбеник, Битолски весник, Јеж, Паулиха – Љубљана, Дело, Без Навреда, Слободен печат…
Учествувал на повеќе светски фестивали и светски галерии во Скопје, Истанбул, Акшехир, Антверпен, Токио, Пескара и Толетино – Италија.

Безброј карикатури. Над 1500 афоризми.
Награди: Секоја објавена и хонорирана карикатура.
Над 100 хумористично-сатирични раскази.
Повеќе од 50 хумористично-сатирични песни, препеви.
Член и оснивач на групата БИК (Битолски карикатуристи).
Беше десет години инвентар во „трудо“, а сега е вработен во ПИОМ.
Религија: Се колни во извршителките и се крсти за здравје и слава на нивната неславна професија.

Автор е и изведувач на песната „Минаа 30 лета“ за која го има напишано текстот посветен на вечната болка – печалбарството.

in memoriam mile 1
aaaaa

Посмртните останки ќе бидат изложени утре 10 мај 2023 година од 10 до 12 часот во црквата „Св. Димитрија“, а погребот ќе се изврши на буковските гробишта.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…