humanitarna bozik

На иницијатива на Хуманитарната Организација „Утешител“ и група граѓани, се организира предбожиќна хуманитарна акција со цел да донесеме радост и утеха на оние кои имаат најмногу потреба.
Драги хумани и човекољубиви битолчани,

На Божиќ не смее да има гладно семејство, тага или болка.
Ако не можеме целосно да ги ублажиме страдањата на нашите сограѓани од социјално загрозените семејства, барем на Божиќ да им подариме радост со свечена празнична трпеза.

Секој кој сака, може да придонесе со донација на храна или хигиенски производи на следните пунктови низ градот:

Храм Св. Димитриј Храм Св. Недела Храм Св. Петка Божиќната пештера пред Офицерскиот дом Горно Веро Количките поставени во сите маркети на Шик Комерц

Акцијата трае до третиот ден на Божиќ – 9 јануари.

humanitarna bozik 1

Добредојдени се сите кои можат да волонтираат, помагајќи во селектирањето на донираната храна, изработка на пакети и нивна достава до семејствата.
За нас

Хуманитарната Организација „Утешител“ е доброволно, добротворно здружение инспирирано од евангелската порака: „Љуби го својот ближен како самиот себе“.
Нашата мисија е остварување трајни хуманитарни проекти кои ќе помогнат во ублажување на материјалните потешкотии на нашите сограѓани, како и нивна духовна утеха.

Во рамки на Х.О. „Утешител“ функционира и Народната Кујна, која веќе 19 години се грижи за егзистенцијалните потреби на најзагрозените.
Да не заборавиме:

Сите, без разлика на статусот, се деца Божји. Сите заслужуваат утеха, радост и подадена рака. Помошта за другиот е помош за Човекољубивиот Богомладенец Христос.

„БОГАТСТВОТО НЕ СЕ МЕРИ ПО ТОА КОЛКУ ИМАШ, ТУКУ ПО ТОА КОЛКУ ДАВАШ!“

Богомладенецот Христос нека ве утеши, орадува и спаси.
Ви благодариме однапред за Вашата материјална и молитвена поддршка.

Со почит,
Х.О. „Утешител“ – Битола

Денес е голем празник – Чудата на светиот Архангел Гавриил
Овој голем Божји Архангел се празнува на 26 март. На денешен ден …
Детската креативност ја испиша најубавата фестивалска приказна на „Илинденски денови“
Со насмевки, прегратки и заслужени сертификати завршија детските креативни работилници, организирани во …
meblo trejd cestitka
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…