trienale kina

11 тото Маѓународно графичко триенале од Битола отворено во Музејот на павилјонот Тијањи во Нингбо културен центар во Република Кина. Со тоа ќе започне неговата повеќе месечна ликовна турнеја која ќе се одвива во  6 кинески големи градови и истакнати културни центри.

Присуството на оваа најголема ликовна манифестација кај нас, е по  по покана на кинеските организатори, според кои – битолслото графичко триенале е едно од најзначајните во светот и  на кое своја презентација бележат околу 160 држави од светот. Покрај ова организаторите- кинеската држава, отпечатиј обемен и атрактивен каталог насловен „11 меѓународно графичко триенале Битола” во кој покрај делата и авторите, презентирани се низа најафирмативни текстови за самата манифестација, претставена е Битола во најпозитивна смисла-како еден од културните центри на Балканот, а Кина со ова, ја превзема својата благородна мисија ова тридецениско ликовно постоење да го афирмира, истакне, популаризира низ азискиот континент и да го потенцира како едно од значајните цивилизациски движења на планетарно ниво.

Во тој контекст, особено признание ќе добие Владо Горески, човекот кој три децении живее со ова ликовно постоење како и градоначалникот на општина Битола д-р Тони Коњановски за помошта, разбирањето и вклученоста на општината Битола во опстанокот на триеналето, воедно и Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија за големата поддршката и заинтересираноста за неговото опстојување.

d07949c8 e5da 4fdf bbd8 9c55e8988a8c e1735497820598

Според информациите, организацијата, приемот, односот, големиот интерес и севкупната ангажираност од Република Кина, Битола со овој константен меѓународен настан е веќе дел од најзначајните светски ликовни центри.

Со оглед дека во 2025 година ќе биде организирано и отворено и 2-то меѓународно биенале на минијатурна графика и цртеж – Битола 2025, целосно поддржано од општината Битола – „Битола ќе биде единствениот град во кој е се оддржуваат  две светски ликовни манифестации, со непроценливо значење и сеопфатен радиус” (од излагање на солунскиот градоначалник на отварањето на 1-то меѓународно биенале на минијатурна графика и цртеж Битола 2023 во Солун).

2931c3c4 cba7 4479 97ae dd3102afe41a

Презентацијата на 11 –то Меѓународно графичко триенале – Битола 2024 во Кина,  е културен настан и афирмација на Битола и нашата земја со непроценливо, исклучително и едно од најзначајните културни и уметничкии создавања кај нас, кое е се повеќе претставувано на светско ниво како суштествено движење во развојот и историјата на светската ликовна уметност.

Беше потенцирано дека каталогот на 11-то Меѓународно графичко триенале Битола е на 1000 страници и дека е биде презентиран со посебни технички можности, додека кинескиот каталог е биде печатен и во селектирана форма.

Потенцирано и истакнато е од страна на кинеските организатори дека меѓу другото,  ова е почеток на уникатна, долгорочна и константна културна и творечка соработка помѓу наиште две држави, Битола и самата ликовна творечка манифестација –Битолско меѓународно графичко триенале, организирано, концепирано и создавано од графичкиот уметник и ликовен критичар Владо Ѓорески.

8eec7ec6 b561 4e6b 9794 0a24d86dccc1

Ова е мал извадок од пишувањата и обраќањата до кинеската јавност од страна на кинеските организатори:

„ Битолското триенале е една од најзначајните ликовна и творечка манифестација од областа на Меѓународно графичка уметност во светот. Во процесот на упорност и неговиот континуиран развој, тоа прослвува 30 години постоење. Ова е момент што светските графичари го прославуваат најискрено како најпотребен и суштински настан. Во овој толку долг, но и толку краток уметнички процес, основачот г. ВЛАДО ГОРЕСКИ собра извонредни уметници од повеќе од 160 земји од целиот свет. Тоа е несомнено важен уметнички настан. Одржувањето на 11-то битолско триенале во Битола во Северна Македонија и Музејот на павилјонот Тијањи во Нингбо, Кина во текот на 2024 и 2025 година претставува вовед на активно и значајо ликовно постоење . Ова е првпат триеналето од Битола да е претставена во Европа и Азија на транснационален начин, што укажува на тоа дека нашиот метод на прикажување на уметноста ги пробива претходните обрасци и се движи кон различностите и новите простори. На овој меѓународен светски творечки настан претставени се 126 уметници од повеќе од 100 земји.

75194ed8 f1bb 4a8e b95c d7043ad3767b

Ningbo Tianyi Pavilion Museum е национален првокласен музеј во Кина. Дом е на  најстарата библиотека во Кина и една од трите најстари семејни библиотеки во светот. Во моментов има речиси 300.000 тома на различни антички книги. Тијани Павилјон музеј придава големо значење на странските културни размени и е посветен на презентација  и промовирање на интеракцијата помеѓу цивилизациите. Со презентацијата на исклучително значајното, светско 11-то меѓународно битолско триенале за графика е сериозно подготвен да биде „претставник за интеграција на кинеската и западната цивилизација”, како и промовирање на длабински дијалог меѓу меѓународните култури, прикажување на историјата и иднината уметноста која  го промовира заедничкиот развој на светските цивилизации.

5d4e72f5 7b4b 4ce7 9f4e 30de0ed58659

Овој значаен културен настан кој ќе се одвива низ 6 најзначајни градски и културни центри во Република Кина е со единствен и посебен однос не само за соработка туку и афирмирањето на врвната светска креативност негувана во Битола од страна на графичкиот уметник и ликовен критичар Владо Горески, кој што се јавува и како значаен патеводител и за севкупната Азиска ликовна уметност”.

Полека умира оној кој не ги следи своите соништа…
Лесно умира тој што не патува, оној кој не чита, оној кој …
Како неспособните ги преценуваат сопствените способности – Данинг-Кругеров ефект
Во животот неизбежно сте сретнале барем една ваква личност – тој тврди …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…