CIP 1

Центарот за истражување на предисторијата (ЦИП) неодамна го заврши геофизичкото скенирање на предисториски локалитети во Охридско-преспанскиот регион и Пелагонија. Скенирањето се изведе на неколку неолитски, енеолитски и бронзенодобни тумби и палафити, при што се направи увид во просторното уредување на овие населби.

Резултатите од истражувањата покажаа дека тумбите и наколните населби се подеднакво опкружени со ровови и имаат линеарен распоред на градбите. Тоа дополнително ја потврдува комплексната организација на предисториските локалитети и овозможува подобро разбирање на архитектурата, просторното планирање и општествените процеси во различни етапи на овој период.

CIP 2

Во текот на изминатите години, ЦИП има скенирано дваесетина предисториски населби, што овозможува нивна трајна заштита и прецизно планирање на идните истражувања. Со помош на примената на геофизичкото скенирање се добиваат егзактни податоци за позицијата на архитектонските обележја присутни на локалитетите. На тој начин, се обезбедуваат информации со што ќе се оневозможи нивно оштетување или пак, може да се предвиди нивно прецизно истражување во иднина.

Геофизичкото скенирање на предисториските локалитети во југозападниот дел на Македонија е подржано од Министерството за култура и Фондацијата за проучување и заштита на тумбите. Носител на проектот е Центарот за истражување на предисторијата, а скенирањето е направено во соработка со Завод и музеј – Охрид, Завод и музеј – Битола, Завод и музеј – Прилеп и Принципат од Краков.

Како музиката влијае врз нашиот живот
Музиката е универзален јазик кој може да разбуди емоции и уникатни чувства. …
Без разлика колку лошо се однесуваат кон тебе, не паѓај на нивно ниво
Во животот неизбежно ќе наидеме на луѓе кои не се однесуваат добро …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…