viber image 2024 12 29 09 01 55 918

Првото полугодие од школската година заврши и за членовите на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола со што традиционално пред Нова година им беа доделени наградите – медалите и дипломите кои ги освоиле во текот на 2024 година.

„Радосни сме за сите успеси кои ги нижиме како студио но и што рушиме рекорди во успесите на нашите членови. До сега пристигнаа точно 310 награди и дипломи од цел свет т.е. 35 светски детски ликовни конкурси од Јапонија, Кина, Русија, Белорусија, Полска, Романија, Португалија, Србија, Бугарија, Турција Словенија, Индија … a притоа во нив не се оние награди кои не се пристигнати од уште пет конкурси од Турција, Чешка, Бугарија, Романија и Србија со што цифрата ќе ја заокружиме на 35О.

57 години наградите се доделуваат последната сабота од календарската година. Учениците одат на заслужен школски зимски распуст иако дел од нив и во јануари ќе творат на теми кои ги наметнуваат тековните светски детски ликовни конкурси на кои Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола се натпреварува за Битола и Македонија.

Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола за најдобри т.е. најнаградувани членови за 2О24 година ги прогласи Леа Стерјев, Томислав Атанасовски и Андреј Миленковски кои имаат по 12 награди од исто толку светски детски ликовни конкурси од цел свет.

2O25 година ќе е предизвик самата за себе а 2О24 година ја завршивме и со 11-тата традиционална изложба на “Бисерите на Мал Битолски Монмартр” ретроспектива на дела која ја реализираме во Прилеп во соработка со НУ ЦК „Марко Цепенков” од Прилеп.” – истакна Елена Хаџи-Антоновска од ДЛС.

Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола во 2О25 година го очекуваат 43 и 44 издание на светската детска ликовна изложба по конкурсот “Битола” и светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” но и нови колонии.

“2О25 година ќе е година на уште поголема експанзија на активностите на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола а со тоа и промоција на Битола и Македонија.

Конкурсот завршува на 20 февруари и очекуваме исто рекордна цифра на цртежи од цел свет а исто важи и за колонијата. Веќе го исполнивме календарот со изложби и активности од кои освен Меѓународната колонија “Мал Монмартр во Софија” во Бугарија во подготовка се уште 2 и тоа “Мал Монмартр во Трабзон” во Турција и “Мал Монмартр во Кисељак” во Босна и Херцеговина.

Веќе во завршна фаза се и подготовките за посетата на работилниците за младинска уметност во Троа – Франција организирани од УНЕСКО а и посетата на Европската Комисија т.е. Еврокомесарите кои ги водат ресорите за млади – култура како и иновации во Брисел.

Како заклучок за 2О24 година би можеле да кажеме дека успеавме „Мал Битолски Монмартр” да го издигнеме на пиедесталот како најголем меѓународен фестивал во Македонија на кој учествуваа учесници [ натпреварувачи ] претставници од 22 земји т.е. 24 делегации со цел оваа 2025 година да имаме 30 земји учеснички со свои екипи во Битола.” – изјави Славчо Неделковски од ДЛС.

Зошто несреќните луѓе сакаат да ја уништат среќата на другите?
Секој од нас барем еднаш во животот се соочил со луѓе кои, …
Природна детоксификација на организмот по празниците со овој утрински пијалок
По празничните денови исполнети со тешка храна, слатки и помалку движење, организмот …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…