viber image 2023 12 01 12 14 31 007

Само што почнав втора година Гимназија, првпат се сретнав со социологот Емил Диркем и неговото анемично општество, по литература го работевме Шекспировиот „Хамлет“ – мојата прва тајна љубов, пред некое време близок пријател низ муабет ми кажа дека го потсетувам на Хамлет…нејсе, Диркем и Хамлет, комбинација која подоцна сфатив колку е моќна.

Едниот социолог, другиот олицетворение на разумот во лудо општество, маестрален драмски лик.

Секој во животот добива онолку колку што ќе се осмели – реченица со огромни црвени букви на маргините од „Мост преку вечноста“ на Ричард Бах – сум запишалa, веројатно во оние луди студентски денови.

Светов е онаков каков што е: конвенционален преполн со правила кои ако размислиме подлабоко се бесмислени, непотребни поделби – знаеме тоа е така за да се постигне контрола. Но, јас говорам за луѓето кои имаат неверојатно голема потреба да ја живеат својата индивидуалност, во спротивно згинуваат како лошо негуван цвет.

Сите не сакаат да бидат прашани : „Дали ви треба нешто?“  има луѓе кои треба да ги прашаме: „Како се?“

Што има човекот да изгуби во овој живот освен себеси, својот идентитет. Да, полесно е да се преточиме во толпата, затоа што самостојноста претставува огромна одговорност кон себе и кон околината.  За почеток, битно е да знаеме што сакаме и да тргнеме да го земеме, затоа што никој нема да ни го даде – секој е заглавен во својот видокруг.

Никој не вели дека ќе биде лесно – но, старееме, полека ја губиме моќта, кога – тогаш ќе се соочиме со својот живот очи в очи, а всушност тоа е оној ликот спротивно од нас во огледалото. Што ќе му кажеме, тогаш?  – Дека се плашевме да дишеме, да живееме, дека се задоволивме со просечност, се согласивме само да постоиме…ко инвентар.

Има два правца: едниот е да нѐ пождере животот, а другиот е да го вкусиме како сочна порција подговена од врвен готвач – изборот е наш.

Брокулата – хранлива ризница на здравјето
Брокулата е еден од најхранливите зеленчуци кои можете да ги додадете во …
Бидете толку сигурни во себе за никој да не може да ве омаловажи
Бидете толку сигурни во себе така што никој друг не може да …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…