Risto Dimitrov Churino 3

Со силна мотивација и исклучителна физичка и ментална подготвеност, Ристо Димитров Чурино ја заокружи 2025 година како една од најуспешните во неговата спортска кариера.

Во текот на годината, Churino настапи на бројни меѓународни спортски настани, различни маратони и ултра маратони како и на ултра трејл трки, вклучувајќи ултра и маратонски трки во Оман, CrossFit натпревари од највисок ранг, како и професионални ММА и Combat Jiu Jitsu турнири во Хрватска и Катар, каде забележа значајни победи.

Посебно се издвојуваат победите на BFN 6 во Белишче, BDF 8 во Дарувар и ACF 6 во Вировитица, како и учеството на елитен Combat Jiu Jitsu турнир во Катар, достапен само по покана.

Континуираниот настап на интернационалната сцена и добиените признанија, меѓу кои и специјален медал од International Combat Association, го потврдуваат статусот на Чурино како сериозен и посветен мултиспортски атлет со јасна визија за идни успеси.

  • Oman Desert Marathon – 21 км трка низ пустина
  • Sohar Governorate Marathon – 10 км
  • Al Mouj Muscat Marathon – учество на 4 трки: 21 км, 10 км, 5 км и 2,5 км
  • Oxygen Global by Itihad – CrossFit натпревар
  • BFN 6, Белишче (Хрватска) – професионален ММА меч, победа со ground and pound во прва рунда
  • 100 км Green Future Arabia – Ramadan Challenge
  • Специјален медал од International Combat Association
  • Combat Jiu Jitsu турнир (само со покана) – Катар, турнир со 8 натпреварувачи
  • Spark Muscat Night Race – 5 км и 2,5 км
  • Apex Fitness CrossFit Challenge
  • Himam Trail Run – 35 км, Џабал Ахдар
  • BDF 8, Дарувар (Хрватска) – победа со armbar во прва рунда
  • ACF 6, Вировитица – победа со нокаут
  • 55 км National Day Run – по повод 55-от Национален ден
  • Jebel Sifah Ultra Marathon – 50 км + 10 км кој се одржуваше на планина над 2000 метри нмв
  • 55 км Ултра маратон
  • One More Fitness Ice Bath CrossFit Competition

Но, она што Ристо го потенцира како важен сегмент е градењето ултра модерна сала во елитна населба во Мускат, главниот град на Оман.

Орхан Памук: Мудрости што остануваат запишани во времето
Овие цитати на Орхан Памук одекнуваат низ времето. Овој турски писател и …
Пчелите се најважните суштества на планетата без кои нема живот
Меѓународниот институт Earthwatch ги прогласи пчелите за најважни суштества на планетата Земја. …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии

Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…