РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека според информацијата на Европската ракометна федерација (ЕХФ) доби директно место во групната фаза на ЕХФ Лига Европа. Со посредство на вајлд-карта Еурофарм Пелистер со сигурност ќе игра меѓу 24 екипи во централниот сегмент на ова клупско натпреварување.

РК Еурофарм Пелистер 2 ќе се натпреварува во квалификации за ЕХФ Европската лига и својот европски пат ќе го започне од првото коло.
Првото коло од квалификациите ќе се игра на 27/28 август и 3/4 септември, а второто квалификациско коло ќе се игра на 27 септември и 4 октомври. Групната фаза ќе стартува на 25 октомври.

Порибена акумулацијата „Стрежево“ со 250 килограми крап
Акумулацијата „Стрежево“ е порибена со 250 килограми крап, обезбеден од репроцентарот „Акватика“. …
Стар рецепт за слатко од смокви: Мирисот на летото во тегла
Има нешто посебно во домашното слатко – една мала лажичка може да …









