Во рамките на Битолското културно лето Бит Фест, на 16 јули ќе се одржи 10-то јубилејно издание на Фестивалот на електронска музика СМОТРА.

„По девет непрекинати изданија, обединувајќи ги најдобрите таленти успеавме да изградиме и одржиме фестивал кој претставува дестилатор на најдобрите електронски звуци во Македонија. Со необичните локации (запуштени објекти во поранешната касарна, старата чаршија, подземни гаражи итн.) и внимателно избрани изведувачи кои настапуваат со енергични ди-џеј сетови и настапи во живо, СМОТРА претставува одлично место за сите перфекционисти и љубители на алтернативната култура“, велат организаторите.

Овој мултимедијален проект во форма на музички фестивал е креиран од млади ентузијасти со цел да ја децентрализираат електронската музичка сцена и да ги приближат младите до современите уметности.

Фестивалот ќе се одржи на 16ти Јули 2022, 21:00 часот во Старата Битолска Чаршија на ул. Панда Чеснова.

Line-up:

Ux edited

Ux

T Zobe edited

T-Zobe

Flooder 1 edited

Flooder

Сите досегашни изданија не би биле толку успешни без поддршката од нашите волонтери. Затоа, ги повикуваме и оваа година да се приклучат на јубилејното 10-то по ред издание.

Апликација за волонтери

Претплатете се за новости

You May Also Like

Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…

Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…