На програмата на битолското културно лето, продолжуваат деновите на SEE film festival, со проекција на документарниот филм „Слободен стил до Црна Гора“ во режија на Ардит Садику (Албанија). Филмот беше награден за најдобар документарен филм од  Европското и Американското жири 2022, на фестивалот на кинематограферите од Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон. Филмот е во времетраење од 72 минути, а ја раскажува приказната за Тонин Ѓини, кој во летото 1987 година, исплива од Албанија до Југославија, во потрага по слобода. Три децении подоцна, тој повторно ги посетува локациите и ги пресоздава настаните од тоа незаборавно искуство.

Како дел од вчерашната програма на филмската ревија, беше прикажан филмот „Елегија на ловорот“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…

Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…