Битолчанката Анета Павловска, една од најдобрите македонски тениски судии, судеше на годинешното издание на најстариот и најголем тениски турнир во светот – Вимблдон. Анета веќе со години наназад е во светскиот тениски врв. Минатата година таа забележа уште еден огромен успех: Анета беше судија во финалето на Летните олимписки игри во Токио. Била дел од голем број турнири низ светот, а им има судено на многу тениски ѕвезди, како што се Ѓоковиќ, Федерер, Надал, и уште многу други. После нејзиното враќање дома, поразговаравме за искуството кое го имаше на Вимблдон и дали може да се каже дека тенисот се враќа во нормала.
290309986 1230120197764882 4658795528226870441 n

Читај бе: Анета, штотуку заврши Вимблдон каде ти повторно ја имаше честа да бидеш една од тениските судии. Ќе ни откриеш ли на колку мечеви и на кои тенисери им судеше?

Анета: Маја, пред се ти благодарам за интересот да напишеш нешто за моите професионални ангажмани и успеси. Оваа година Вимблдон беше едно посебно, емотивно патување за мене. За прв пат после 6 години напорна работа, труд и упорност добив шанса да судам на таканеречените „show courts”, 4-те најголеми терени во Лондон вклучувајќи го и 100 години стариот централен терен. Судев мечеви на најдобрите тенисери и тенисерки (Надал, Кирјос, Алкараз, Халеп, Бадоса…), а бев избрана да ја делам правдата и на полуфиналниот натпревар помеѓу Ѓоковиќ и Нори.

291767423 574455254086500 3661454078861206755 n

Читај бе: Какво е чувството да се биде на терените на Вимблдон? Каква беше атмосферата годинава?

Анета: Вимблдон е сам по себе единствен, препознатлив, традиционален, престижен. Нема дете кое се занимава со тенис, а од најрани години да не знае за Вимблдон. Тоа е турнир на кој секој еден сака еден ден да отиде и да гледа, а не пак да суди или игра. Само кога си таму и кога ќе излезеш на најпознатиот тениски терен во светот знаеш зошто сите изминати години посветено се работел. Посебно ако на трибините ги имаш Дејвид Бекам, Том Круз, Принцезата Кејт кои аплаудираат на добриот тенис, но и на твоите пресуди 🙂

289391638 1531988747258409 4820775041930443967 n

Читај бе: После двете години ковид протоколи, дали може да се каже дека се врати малку во нормала тенисот?

Анета: Па, искрено оваа година сé беше како и претходно, а протоколи речиси и да немаше. Трибините беа во полн капацитет, публиката беше целосно вратена, па љубителите на белиот спорт освен во одлични, атрактивни мечеви уживаа и во традицијата на Вимблдон со чаша шампањ и јагоди со крем.

291680600 611690326832072 7581190906988028112 n


Читај бе: Ќе ни откриеш ли кои се твоите идни дестинации за оваа година, ќе бидеш ли дел и од други турнири?

Анета: После 8 недели врзани турнири меѓу кои и двата Гренд Слеми ( Париз и Лондон ), време е за одмор и уживање во летото. Следат неколку приватни патувања за на крај на август да се вратам на професионалните ангажмани.

    meblo trejd cesmi
    Урмите – природен извор на енергија
    Урмите се вкусен и хранлив плод кој потекнува од палмата Phoenix dactylifera. …
    Да нема забуна – не станавте себични, туку тешки за манипулирање
    Потврдувањето на сопствените граници и одбивањето да се биде манипулиран честопати погрешно …

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

    По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

    16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

    Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

    Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

    Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…

    Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

    Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…