Синдикатот на РЕК Битола ќе му помогне на нивниот член и колега, Сребрин Поповски во обновување на неговата куќа која изгоре во пожар.
Управниот одбор на Синдикатот одлучи да му додели на Сребрин 50.000 денари неповратна финансиска помош, а ќе му обебзеди и неколку апарати за домаќинство.


„Солидарноста со нашите членови е прва и основна задача на Синдикатот. Ќе помогнеме секому и секаде, согласно можностите и околностите. Со надеж дека во иднина ќе нема случаи во кои ќе треба да помогнеме за намалување на болката или последиците од немили настани, на Сребрин и семејството му посакуваме што побрзо обновување на куќата“, велат од Синдикатот на РЕК Битола.

2

На 30 Јуни 2022 година, околу 18:30 часот, изби пожар во куќата на семејството Поповски, на улица 16-та број 29 во Битола и целосно е оштетена нивната куќа во која живееја. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебелот, техничките апарати и гардеробата, односно вториот спрат од куќата во целост изгоре, а првиот спрат е целосно уништен од водата.

3

Семејството Поповски откако изгоре нивната куќа, немаат каде да живеат и останаа без покрив над глава. Засега се згрижени кај роднини, поради што итно им е потребна помош. Сметката за донации е 210-5016787176-48, депонент НЛБ Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Благојче Поповски со живеалиште на ул. 16-та број 29 во Битола. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лица е 262, со назнака донација.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…