Почитувајќи ги делата на нашите предци е единствен начин на кој можеме да останеме доследни кон себеси, Македонија и Бога, велат од Здружението за развој на рурален туризам и организирање Битолска коњаница Галоп Битола. Нивната иницијатива за Битолска коњаница има за цел да ја негува традицијата и да покаже благодарност кон сите кои учествувале во формирањето на битолската револуционерна околија, битолскиот револуционерен округ, како и на сите кои учествуваа во организација на Илинденското востание, сите оние кои дале свои животи за слободата на Mакедонскиот народ. По примерот на други општини и градови од територијата на Р. Македонија, но и од причини што Битолскиот револуционерен округ најмногу придонел за организацијата и успехот на Илинденското востание, нивната цел е да организираат коњаница и придружен поход која што ќе тргне од овој округ и на 2-ри Август ќе пристигне во Kрушево.
Минатата година за прв пат ја организираа коњаницата која тргна од Цапари, село кое дало над 90 востаници. Ако минатата година беа 5 коњаници, оваа година се 14 и шестмина логистика, но исто така годинава имаа и донација како и помош за коњите од бројни граѓани.
„Подготовките ги започнавме од јануари оваа година, за да биде се како што треба. Коњите се подготвуваат со тоа што нашите јавачи вежбаат на нив. Минатата немавме опрема, а годинава ни позајмија и коњи, но и ни донираа опрема, Саша Стојменовски од Швајцарија кој ни донираше, а воедно тој ќе биде дел од коњаницата. Сето ова го правиме да им оддадеме почит кон своите предци. Ја негуваме традицијата и покажавме дека народот треба да биде сплотен. Минатата година, кога зборувам морници ми поминуваат, бевме многу убаво пречекани, со аплауз, сите ведри и насмеани, сите ти даваат вода по патот. Имаше случка кога слегувавме од Цапари, на празникот посветен на Архангел Гаврил една женичка продаваше локум и ми подари локу, што за мене беше голем чин“, изјави Ѓорѓи Стојчевски, еден од организаторите на Битолската коњаница.
„Да ви кажам право, тоа не се опишува. Секој кој не учествувал не може да го доживее. Секој кој прв пат се качува на коњ е малку потешко, затоа ние наназад 3 месеци се подготвуваме, ние мислиме дека нема да има проблеми“, вели Гоце Стојчески, еден од организаторите на Битолска коњаница.
Минатата година големо внимание предизвикаа сестрите Талевски, кои беа дел од коњаницата.
„На луѓето им беше чудно бидејќи чупиња се приклучија кон коњаницата, но не е чудно бидејќи во минатото имало и војводки од Цапари и од другите села. Минатата година беше тешко, се подготвуваме неколку месеци, не знаевме да јаваме, моравме да научиме. Најинтересно е дружењето, но со тоа ја негуваме историјата и традиција. Минатата година кога стигнав во Крушево бев среќна бидејќи не мислев дека ќе го издржам патот, луѓето беа среќни кога не пречекаа“, изјави Симона Талевска, дел од Битолската коњаница.
Коњаницата своето патување го започнува на 26-ти јули од Офицерски дом, потоа продолжува по Широк сокак се до Саат Кулата па по Булевар 1-ви Мај се до црквата Архангел Гаврил Довлеџик каде ќе биде пречекана од Градоначалникот на Општина Битола и свештено лице кое ќе одржи свечена литургија и ќе даде благослов на Коњаницата на самиот чин се одбира и војводата кој што ќе ја предводи Коњаницата.После службата коњаницата продолжува за село Цапари каде ќе биде пречекана од месното население со карта вино,леб и пипер и положување на цвеќе на споменикот на загинатите Илинденци. . Коњаницата и останатите присутни ќе ги забавува музичка група каде ќе се одржи и историски говор за почетокот на Илинденското востание,за славното Цапари и илинденците кои го положија својот живот за ослободување на Македонија. Во склоп на настанот ќе има штандови со храна и пијалоци.На овај настан ќе бидат поканети сите оние кои на каков било начин придонеле за организирање на Илинденската коњаница која за прв пат тргнува од Битола. Во склоп на настанот се предвидува и делење на благодарници за сите поддржувачи на коњаницата. По завршувањето на настанот Коњаниците преноќуваат во с.Цапари. Утредента на 27ми Јули,Коњаницата присуствува на служба од страна на регионалниот Отец потоа Коњаницата појадува, и се тргнува кон с.Маловиште, манастирот св.Ана, с. Ѓавато па се до с.Гопеш каде коњаницата ќе ја помине ноќта.
На 28ми Јули групата која преноќи во село Гопеш после појадокот, се упати кон славното Смилево по патеката што ја користела војската. Коњаницата пристигнува во попладневните часови во село Смилево, и истата ќе биде пречекана од Градоначалникот на Општина Демир Хисар и месното население, заеднички се положува цвеќе на гробот на војводата Даме Груев. Дочекот е со карта вино , сол и пипер како во старо време, коњаницата и останатите присутни ќе ги забавува позната Македонска фоолк ѕвезда Татјана Стефановска со музичката група Фаворити, тука ќе се представи и културно уметничко друштво кое ќе ги изигра познатите традиционални Македонски ора. Во склоп на настанот ќе има и штандови со храна и пијалоци. Исто така ќе се одржи историски говор за Илинденското востание,за славното Смилево и војводата Даме Груев. На овој голем настан ќе бидатб поканети сите оние кои на било каков начин придонеле за реализирање на Илинденската коњаница која за прв пат тргнува од Битола. Утредента на 29ти Јули коњаницата ќе присуствува на свечена литургија во храмот св. Петар и Павле во с.Смилево. По утринската свечена литургија коњаницата појадува и се спрема за пат кон Големо Илино, преку Еврејка и сртот на Илинска Планина. Оваа година тие се исто така и од фестивалот Илинденски денови.