slika

Родителство без казнување е утопија. Не затоа што децата не можат да се воспитуваат без казни, туку затоа што родителите се уверени дека казната има позитивен ефект.

Теоретски, да. Штом детето прави нешто што не треба, родителите му одредуваат казна, а детето за да не биде повторно казнето не ја повторува грешката. Но, едно е во теорија, друго е во практика.

Замислете – вие сте на работа, вашиот шеф ви вели: „ Ви честитам! Го видов вашиот проект, одлично го имате сработено. Ќе добиете три дена годишен одмор, заслуживте“.

Но, подоцна, се испоставува дека во проектот имате грешка. Сте биле деконцентрирани или уморни кога го завршувавте проектот.

„Нема одмор за тебе. Ќе ти ги одземам оние три дена“.

Звучи смешно. Не би сакале никој да се однесува така со вас, зарем? Ама, во суштина вака се однесуваме со нашите деца.

Ова го правиме кога ќе им кажеме на пример:

„Ти реков да ги тргнеш алиштата и да го исклучиш телевизорот! Нема да одиш на роденден во сабота“.

Нашите казни, дури и кога остануваме доследни, обично немаат никаква врска со она што го направило или не го направило детето за да ги заслужи. Казните не се ни ефективни, ниту допринесуваат детето нешто да научи. Туку во нив будат бес, отпор и чувство дека сте неправедни.

Што наместо казни?

Па, ако веќе морате, тогаш изберете нешто чија последица ќе биде логична.

„Времето за цртани заврши. Ако го исклучиш сам телевизорот, одлично. Ако морам јас да го исклучам – тогаш толку за денес телевизија“.

За да ги научат и разберат нашите деца последиците од своите постапки, тогаш мора тие да бидат во согласност со нивното однесување.

Само така од нив можеме да очекуваме следниот пат да донесат добра одлука. Затоа што ќе можат да ја сфатат последицата како поврзана со однесувањето и да ја разберат директната врска со она што го направиле со она што следи.

Добар пример  е и со одземање на привелигиите – кога ќе забележите дека детето не ги завршува неговите обврски, затоа што минува многу време пред телефон или компјутер.

„Гледам дека ти е тешко да ги завршиш своите обврски, бидејќи ти смета  телефонот. Затоа ќе ти го земам следните денови додека не си ги завршиш обврските“.

Ова ниту може да се нарече казна, туку родителска одлука која детето уште не е зрело да ја разбере, така што ќе му помогне да си ги распореди приоритетите.

Раскажи ми приказна: Професорката Змија Наочарски
Автор: Јордан Николов На професорката Змија Наочарски цело време ѝ студело. Без …
Зошто ги земаме здраво за готово оние кои се секогаш тука за нас?
Во секој од нас има една лоша работа. Секогаш гледаме на она …
JK Travel

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…