Bojana promocija

Станува збор за одлична балада во која таа го покажува сиот свој раскош, сета своја емоција – „Лажни светови” е вистинска емотивна, женска песна, која Бојана ја носи маестрално и го покажува сиот свој музички раскош.

Автор на музиката и текстот е Александар Тарабунов – Тара, додека аранжманот е со потписот на Димитар Андоновски.

„Одамна сакав ваква песна, сакав да отпеам нешто што ќе трае.  Сакав песна со музика,  мелодија и песна што ќе може да биде отсвирена во живо, со инструменти. Во денешно време на компјутерска музика ни недостасуваат песни со мелодија отсвирени во живо”, рече Бојана и призна дека верува во “Лажни светови” зашто е направена со многу љубов, емоции.

За песната е снимено и видео кое е работено под капата на Скендеровски продукција, во кое главната улога и припаѓа на Бојана, а акцентот е ставен на емоцијата. Бојана се појавува во неколку интересни креации за кои беше задолжена Ивана Кнез.

Тука не завршуваат новитетите кога е во прашање името на Бојана и Скендеровски продукција – имено на 23 март стартува вториот дел од караванот „Македонијо во срце те носиме”.

348350276 257464363439219 3759835367371331199 n
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…