mas i zena

Има една народна изрека „Секој сака да јаде во чиста чинија“, ама не се однесува на јадењето туку барем јас ја имам слушнато во контекст на машко – женски односи и тоа од многу повозрасни од мене.

Љубовта е најприродното чувство и да не се лажеме, секој човек сака да љуби и да биде љубен. Зошто?

Затоа што ЉУБОВТА изнедрува крила, надеж, сила за да се издржи непредвидливоста на животот.

Досега се водеа расправии кој е подобар мажот или жената во прилагодувањето кон непредвидливоста на животот.

Да не се залажуваме со евтина консумеристичка храна – мажот и жената си се подеднакво потребни еден на друг, арно ама, никогаш не биле толку далечни еден од друг како денес – освен можеби за реализација на животинските нагони, земена е предвид големата слика во светот.

viber image 2023 02 28 12 42 38 918


Жената има посебна емотивна природа, кај неа е природно развиена сферата за доживувања. Жената е програмирана за мајка, која со својата отвореност и љубов го храни своето дете. Децата растат од љубовта и нежноста на мајката, многу повеќе од физичката храна.

Мажот овие работи тешко ги „вари“. Зошто? Не е така програмиран. Во суштина мажот е витез или таков треба да биде. Тој освојува и не ѝ дозволува на жената да донесува одлуки за семејството, затоа што тој умее да биде мудар во име на семејството и да се грижи за сите нивни потреби и притоа постојано се освојуваат со жената.

Лудо и нереално звучи, од аспект на тоа што ни се случува денес. Најинтересно е што нема виновници, како што често посакуваме, затоа што – нападот е најдобра одбрана кога станува збор за его луѓе, а сега со социјалниве мрежи сите сме силни на вилици.

Жената има хировити особини – многу. Таа никогаш нема да биде исполнета и среќна, не како личност, ни во својата професионалност, туку сето ова заедно. Затоа што природно претчувствува предвреме, на кој начин мажот ја набљудува, па зазема одбранбен став иако сака да искуси романтично доживување, чувствува дека тоа ќе биде на површно, физичко ниво. Па се свртува кон себе, можно е да стане огорчена, гневна, егоистична и несреќна. Па одовде излезе популарната фраза „Сите мажи се исти“.

viber image 2023 02 28 12 42 43 666


Ама, не се сите исти, ниту сите жени се исти. Сите се приказна за себе.


Важно! Жената е одговорна за мажите кои се дел од нејзиниот живот. Таа мора да расчисти со своето минато, во спротивно ќе привлекува мажи какви што не ѝ одговараат за да се реализира во љубовта.


Жените се занимаваат со небитни работи: шминка, фризура, облека, усни, гради… место да се занимаваат со својата внатрешност, како да ги одврзат своите трауматски мрежи кои ги спречуваат да доживеат вистинска љубов.


Мажите се прекрасни суштества, да, навистина, па и нив им се потребни жени, кои ќе им дозволат да го покажат најдоброто од себе, кои ќе се синхронизираат со нив, заедно да растат и да се развиваат. Најголема заблуда е дека има посилен пол, силата е избор како и љубовта. Мажот и жената се два разлини света кои мораат да се „судрат“ за да се спојат и да еволуираат заедно. Толку!

meblo trejd cesmi
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…