Отсекот за превенција при СВР Битола во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска, 1 септември, во битолското основно училиште „Коле Канински“, на почетокот на новата учебна година, реализираа превентивни активности – „Безбедно во сообраќајот“ и „Да ги заштитиме децата во сообраќајот”.

3274

При спроведувањето на активностите, на кои присуствуваа и претседателката на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска и претседателот на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот Сузана Елковска, беше поделен печатен едукативно-информативен материјал на првоодделенците. Покрај ова, беа презентирани основните правила и прописи во сообраќајот заради осигурување на безбедноста на децата. Особено во поглед на тоа како да ја поминуваат улицата, исклучиво на обележан пешачки премин, да не претрчуваат преку улица и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација.

5150

Покрај тоа, СВР Битола го засили присуството на полициски службеници во близина на сите училиштата како во Битола така и на подрачјето на целиот Сектор, за да им помагаат на првоодделенците при преминување на улиците на обележаните пешачки премини. Исто така, со почетокот на новата учебна година дополнително ќе бидат засилени контролите на автобуси и комбиња со кои учениците од училиштата секојдневно се превезуваат, како од основните, така и од средните училишта. СВР Битола апелира до сопствениците на превозни средства и до оние кои ги управуваат, на време да ја проверат техничката исправност, да ги отстранат евентуалните недостатоци и исклучиво да ги управуваат лица со положен возачки испит и валидни возачки дозволи. Секој недостаток ќе биде санкциониран, а возилата ќе се исклучуваат од сообраќај.

1320

    Правилна исхрана за млади спортисти -Клуч за успех и енергија
    Правилната исхрана е клучен фактор за развојот и успешноста на младите спортисти. …
    Како бескрајното скролување влијае врз вниманието, меморијата и самоконтролата
    Во дигиталната ера каде што секој клик, лајк и брз видео носи …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    You May Also Like

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

    Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

    Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…