Те тераат да правиш нешто што не сакаш?
Ти зборуваат секако само за да те омаловажуваат?
Те тепаат затоа што си насмеана? Те вртат како некоја топка и те паѓаат надолу како Њутново јаболко, на тој безмилосен асфалт?
А зошто премолчуваш на булингот?
Да, ти си тивок борец. Секое понижување што ти го правеа во психичка и физичка смисла и сега во модерна сајбер форма, ти го премолчуваш. Зошто ли? Јас ќе ти кажам оти.
Борбата е во твоето молчание, борбата е тука во тебе во секоја битка.Ти си борец во секоја битка и ќе ја добиеш војната.
Знам, булингот ти остава траги кога го премолчуваш. Но, сега веќе не си дете. Не премолчувај кога ќе те удри Њутновото јаболко. Застани сега кај истата таа јаболкница, под истата таа сенка и спротивстави се.Ти си сега гласен борец, не дозволувај нечиј недорешен конфликт да биде булинг врз некој друг. Кое дете сака да влечи рани, која рана сака да му додаваат сол на неа? За тие што не можат, за тие кои му требаат храброст против оние кои не знаат како со гневот, застани биди им ти нивниот Арес,советувај ги како да си нивната Атина, биди им заштитничката Софија. А тие што го прават булингот, дури се свежи цвеќиња на ова поле каде насилството се шири како некоја камилица на сред ливада и сите му е интересно да ја берат. Нека не ја берат таа камилица!
Нека бидат и тие со топло срце, со нежна прегратка кон тие со тажно срце, нека булингот се претвори во мислена именка, нека исчезне психичката тортура,нека избледне физичкиот булинг како нешто со молив напишано на хартија и да го избришеме со гума!
Сум била жртва на таа вечна војна, сум била жртва на булинг?
ДА! Тепана, навредувана и онлајн понижена. Дали бев борец? Не, молчев. Дали сум сега? Да,сега не молчам, знам како е да ти се треси душата од импулсивноста, од тој животински нагон да се повреди некој. Да, борец сум сега во сите битки,борец ќе бидам и таа војна да се заврши како win-win за сите. Нема повеќе плачење на перницата…