Мислите се нешто што се случува во главата на детето и честопати не е свесно за нивната содржина. Тие можат да придонесат да се чувствува лошо или добро. Детето дознава што е она што го прави единствено и посебно. Од голема корист ќе биде детето да вежба да го изразува своето мислење за разни работи иако понекогаш не се усогласува со мислењето на другите.
Читај бе: Книгата е конкретна, но содржината внатре апстрактна, како до фина моторика?
Децата се секогаш подготвени за чудо. Имајќи предвид дека во текот на работата која ја нарекуваме воспитување на нашите и другите деца наидуваме на потешкотии со едукативниот материјал кој треба да се користи за нивна едукација и воспитување преку она што во модерниот период станува реткост, то ест читање во она што би го рекла “гола форма“, то ест листови од хартија исполенети со букви-книги, а не дигитализираност или екранизација на истите што во никаков случај не може да му го замени нивниот оригинален корен. Во времето на модерната ера најголемиот дел од децата имаат краткотрајно внимание, концентрација, помнење, потешкотии со фина моторика, а често се присутни и дисграфија, дискалкулија и дислексија. Нашата грижа за детето треба да биде водена, не од желбата да го натераме да научи работи, туку од настојувањето секогаш да ја запалиме во него онаа светлина што се нарекува интелигенција. Не е доволно учителот да го сака детето. Тoа мора прво да го сака и да го разбере универзумот. Тоа мора да се подготви и вистински да работи на тоа.
Читај бе: Детето и светот што го опкружува во периодот кога нема голем оптег на комункација?
Никогаш не му помагајте на детето со задача во која тоа чувствува дека може да успее. Импресиите кои ги примаме од надворешните предмети чукаат на вратата на сетилата и влегуваат. Се сместуваат во областа на психата, постепено се спојуваат и се организираат, градејќи го умот. Се претпоставува дека детето во психичка смисла целосно е пасивно и препуштено на милоста на своето опкружување. Произлегува дека е во целосна контрола на возрасниот.. Детето минува низ сензитивен период кој трае речиси до петтата година и му овозможува да прима слики од опкружувањето на чудесен начин. Не сме имуни и не можеме да игнорираме дека во развојот на способноста за читање може да влијае и евентуалната криза во семејството. Најчесто во таквите семејства,родителите кои не успеваат да го разрешат својот конфликт (можно е и од почетокот на брачната заедница) во целта на смалување на тензијата, го вклучуваат детето во меѓусебните недоразбирања. Детето станува проблем, било заради своето однесување во домот или на училиште. Неретко детето станува носач на симптомите во смисла појава на психосоматски болести, ноќни стравови и енурези.
Во процесот на стекнување на знаења, развивање на вештини, навики и психомоторни способности се развиваат: забележувањето, мислењето, памтењето, имагинацијата, комбинаториката, фантазијата и др. Организмот е продукт на неговите гени и неговото срединско искуство. Гените комуницираат меѓусебно низ множество доминантни и други облици на комуникација. Наследноста може да се измени следствено измените на нивото на влијанието на генетско-срединскиот факторски систем низ развојот. Најзачестено изучувани когнитивни способности во рамките на бихевиоралната генетика и психогенетика се: говорната (вербалната) способност, способноста за просторна ориентација, меморирањето и брзината на перцепирањето. Јасно е само по себе дека се работи за изразено комплексни својства што секако бараат многу детална анализа.
Читај бе: Како може да му се помогне на детето да израсне во добар човек?
Најзначајно е квалитетно поминување на време со детето! Во Америка акцентот е поставен на учење на децата да бидат независни од најмала возраст и да не се потпираат на нивните родители, а додека пак во Јапонија обратно-ја поттикнуваат зависноста на своите деца, јапонските мајки сметаат дека ги казнуваат своите деца ако не им дозволат да спијат со нив.
Детето е најсреќно кога се наоѓа во кругот на своите другарчиња. Според Бандура, развојот на однесувањето на децата е врз основа на копирање на моделот-возрасните, родителите. Децата учат да зборуваат копирајќи ги возрасните. Имаме два периоди на детство: предшколско од 2 до 6 години каде имаме усовршување на интелектуално и физичко поле и школско од 7 до 12 години каде имаме читање, пишување, математика и други вештини, адаптација, решавање на проблеми. Со крајот на адолесценцијата не завршува психофизичкиот развој на личноста, со текот на возраста се усовршува,особено менталната способност која е последица на акумилираното искуство.
Многу е важно каков е квалитетот на активностите и однесувањата за покусиот период на време минат заедно меѓу родителите и децата.
Читај бе: Како треба родителот да го охрабри детето?
Родителите треба да бидат на рамниште со детето, приспособувајќи се кон физичките, личните и возрасните способности и можности на детето. Да бидат активни слушатели во комуникацијата со детето: зборување и слушање за да разберат и за да ги разберат; користење на обични зборови и разбирлив речник; давање куси, важни и јасни пораки; давање една информација или задача при секое обраќање. Родителите мораат да научат да влијаат врз однесувањето на детето преку стимулирање на насочена активност, креативност, љубопитство, радост на сознанието. Родителското разбирање е разбирање на себеси и на детето. Секој од нас,вклучително детето, е посебна единка во развоен процес. Затоа е потребно заложување за развој на програми и за јавни услуги одмерени за задоволувањето на семејните потреби. Поврзување со други семејства, соседи, училиште и различни групи од локалната заедница за хуманизирање на условите за развој на децата и на лицата од другите возрасни периоди.
Се разбира,детето не мора своите тешкотии да ги сфати како конечен пораз, но гледаме многу деца кои под обесхрабрувачки околности ја напуштаат борбата. Бидејќи не ја разбираат реалната состојба и бидејќи никој не им објаснува како да излезат на крај со нивните тешкотии, ним им е неописливо тешко да вложуваат сили за натамошно напредување и за контролирање на таквата состојба. Или, како што велеше Вергилиј: “Можете,бидејќи во тоа верувате“.
Читај бе: Како се следи психичкиот развој на детето?
Во моментот кога детето ќе тргне во градинка и во основно училиште-не толку често-правиме белешки за состојбата на неговата психичка подготвеност, но таквите белешки, кога би ги имало секогаш, би го разјасниле однесувањето во животот како возрасен.
Според Лурија, најфункционален е третиот блок-планирање и програмирање на однесувањето кој е најзначен затоа што учествува во формирањето на намерите и програмите кои ги регулираат најсложените облици на однесувањето.
За да некои содржини или движења кои сме ги учеле на некој начин ги употребуваме подоцна, потребно е тоа да трае, да се задржува,а не да се губи (задржување или ретенција). Тоа се 3 видови на задржување: упростување на содржината, рационализација на содржината и нагласување.
Читај бе: Детето и неговата околина –зошто е постојан предизвик?
Промената настаната под влијание на средината, намерно или спонтано и таа е резултат на искуството кое настанало како резултат на повторување, учење, практика или набљудување на активностите на другите. Малото срце полно со љубов прободено е од неразбирањето на светот, како со копје. Културата понудена да ја угаси жедта е со горчлив вкус. Но сепак, детето секогаш ќе стане и ќе се врати, свежо и ново, за да живее меѓу луѓето.