stomach pain 2493327 1280

Замастен црн дроб (стеатоза) е сè почест здравствен проблем денес, кој се јавува поради натрупување на масти во клетките на црниот дроб. Состојбата може да биде причинета од различни фактори, меѓу кои и прекумерна консумација на храна богата со масти, но постојат и други важни фактори кои придонесуваат за ова заболување.

Што е замастен црн дроб?

Замастениот црн дроб се карактеризира со натрупување на масти кои можат да предизвикаат воспаление, а во потешки случаи може да доведат до оштетување на ткивото на црниот дроб, цироза или хепатокарцином. Состојбата може да биде алкохолна или неалкохолна, при што неалкохолната стеатоза најчесто се поврзува со прекумерна тежина, инсулинска резистенција и метаболички синдром.

Дали мрсната храна е причина?

Иако мрсната храна може да допринесе за замастен црн дроб, таа не е единствената причина. Главни фактори за појава на замастен црн дроб се:

  • Неправилна исхрана: Прекумерната консумација на заситени масти (пр. во црвено месо и пржена храна) и шеќери (пр. слатки, газирани пијалоци) е еден од главните предизвикувачи.
  • Прекумерна тежина и дебелина: Лицата со прекумерна тежина често имаат проблем со инсулинска резистенција, што ги тера клетките да акумулираат масти во црниот дроб.
  • Неподвижност и недостиг на физичка активност: Недостатокот на вежбање придонесува за натрупување на масти и метаболички проблеми.
body 8771260 1280

Како да се спречи и третира замастен црн дроб?

Здрава исхрана: Намалување на внесот на заситени масти и шеќери, со зголемување на растителната исхрана.

Физичка активност: Редовното вежбање помага да се намали тежината и да се подобри метаболизмот.

Контрола на тежината: Намалувањето на телесната тежина, дури и за 5-10%, може значително да ја намали акумулацијата на масти во црниот дроб.

Иако мрсната храна може да биде фактор во развојот на замастен црн дроб, основниот проблем е комплексен и е поврзан со комбинација од животни навики. Контролирањето на исхраната, редовното вежбање и одржувањето на здрав начин на живот се најдобра превенција за оваа состојба.

Битолски каратисти одат на Балканско
На Државното првенство за деца (У12 и У14) во ката и кумите, …
Колку повеќе им угодувате на луѓето, толку повеќе ве прават будала – 5 совети од психолозите
Угодувањето на другите за да се избегне конфликт или да се добие …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…