file 000000003038720ab9fc764a62b29802

Традиционално, во ресенското село Болно, како и во неколку преспански села, за празникот Богојавление се негува еден уникатен обичај, стар можеби и повеќе од два века, според сведоштвата на најстарите жители.

Крстот, кој датира од дамнешни времиња, секоја година на 20 јануари се предава од семејство на семејство, откако претходната вечер свечено се одбележува празникот. Со оваа традиција е поврзана и детална евиденција – во посебен тефтер се запишува кој бил домаќин, колку средства се донирале и за што биле наменети.

Крстот е украсен со монети и приврзоци, како и други украси кои ги купува актуелниот домаќин и ги поставува на крстот.

Дел од нив се рачна изработка, а еден од приврзоците датира уште од 1863 година, што сведочи за длабоката историска вредност на овој обичај.

Во селото постојат неколку вакви крстови – секоја маала има свој крст, кој традиционално се предава од година во година.

За жителите на Болно, овој обичај има огромно значење. Тој претставува живо сведоштво за зачувувањето на историјата, традицијата и духовната оставина од нашите предци, која и денес се пренесува со голема почит и гордост.

Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии
Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има …
Имаш ли понекогаш чувство дека не се вклопуваш во овој свет?
Имаш ли понекогаш чувство дека не се вклопуваш во овој свет? Не …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…