magare

Оваа басна ќе ни покаже како мудроста и трпението се поважни од докажувањето на вистината на луѓе кои не сакаат да ја прифатат. Ете зошто не треба да губиш време и да се расправаш со будали.

Магарето му рече на тигарот:

-„Тревата е сина.“
Тигарот му одговори:
-„Не, тревата е зелена.“

Расправата се засили, и двајцата решија да побараат арбитража, па отидоа пред лавот, кралот на џунглата.

Уште пред да стигнат до чистинката во шумата, каде што лавот седеше на својот трон, магарето почна да вика:

-„Ваше Височество, дали е вистина дека тревата е сина?“
Лавот одговори:
-„Точно, тревата е сина.“

Магарето брзо продолжи:

-„Тигарот не се согласува со мене, ми противречи и ме вознемирува, ве молам казнете го.“
Кралот тогаш изјави:
-„Тигарот ќе биде казнет со 5 години молк.“

image

Магарето весело скокаше и си продолжи по својот пат, задоволно повторувајќи:

-„Тревата е сина, тревата е сина…“

Тигарот ја прифати казната, но пред да замине го праша лавот:

-„Ваше Височество, зошто ме казнивте, кога всушност, тревата е зелена?“
Лавот одговори:

-„Навистина, тревата е зелена.“

Тигарот праша:

-„Тогаш зошто ме казнувате?“
Лавот одговори:
-„Тоа нема никаква врска со прашањето дали тревата е сина или зелена. Казната е затоа што е недозволиво за едно храбро и интелигентно суштество како тебе да губи време расправајќи се со магаре, а притоа уште и да ме вознемируваш со тоа прашање.“

Најголемо губење време е да се расправаш со будала и фанатик кој не се грижи за вистината или реалноста, туку само за победата на своите убедувања и илузии. Никогаш не троши време на расправи кои немаат смисла…

Постојат луѓе кои, без разлика колку докази и аргументи ќе им претставиш, не се во состојба да разберат, а има и такви заслепени од его, омраза и гнев, кои само сакаат да бидат во право, дури и кога не се.

Кога незнаењето вреска, интелигенцијата молчи. Твојот мир и спокојство вредат повеќе.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…