bebe 1

Новата година во Битола започна со најубави вести. Во Клиничката болница – Битола, на првиот ден од 2026 година, се родија првите две бебиња – женско и машко, кои го одбележаа почетокот на годината со радост и надеж.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, претпладнево ја посети Клиничката болница, посочувајќи дека веќе традиционално, првиот ден од годината е посветен на најубавиот можен повод – нови животи.

„Битола доби два нови жители – две мали души кои донесоа радост и надеж. Првото бебе е девојче по име Бистра, со симболично име за една чиста и успешна година, а второто е машко бебе, Петар. Двете мајки се битолчанки и ова им се први деца. Им посакавме здравје, среќа и уште многу радости во животот“, изјави Коњановски.

bebe

Двете новороденчиња се родени во добра здравствена состојба. Првото бебе има родилна тежина од 3.300 грама, а второто 3.460 грама. Како што информира д-р Тихомир Велевски, специјалист по гинекологија и акушерство, и мајките и бебињата се стабилни и под постојан медицински надзор.

Директорката на Клиничката болница – Битола, Ненси Лозанче, истакна дека двете мајки се прворотки и упати благодарност до целиот медицински персонал кој новогодишната ноќ ја помина работно и професионално.

606003425 904471105269105 7960536640599885956 n

Според надлежните, новогодишната ноќ поминала релативно мирно, како во болницата, така и во Итната медицинска служба.

Градоначалникот Коњановски го посети и детското одделение, каде на хоспитализираните деца им посака среќна Нова година и им подари новогодишни пакетчиња.

Собирајте моменти, а не предмети
За повеќето луѓе, парите се ограничен ресурс. Сепак, економистите се согласуваат дека …
Урмите – природен извор на енергија
Урмите се вкусен и хранлив плод кој потекнува од палмата Phoenix dactylifera. …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…