По повод Новата 2026 година, СВР Битола, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата реализираа симболична, но значајна донација во Клиничката болница – Битола.
Првото новороденче во Новата година доби детско седиште за автомобил, со што беше испратена силна порака дека безбедноста започнува уште од првиот ден од животот.

Од институциите потсетуваат дека детското седиште не е избор, туку неопходност, бидејќи директно спасува животи и претставува прв чекор кон безбедно детство.
На родителите на новороденчето им беа упатени честитки со желби за здравје, среќа и безбедни патувања.
Младите преку фотографијата го откриваат културното наследство на Битола
Фотографии стари повеќе од еден век, кои сведочат за минатото на Битола, …
Денеска се празнуваат Светите славни Четириесет Битолски преподобномаченици
Свети 40 Битолски преподобномаченици се новоканонизирани македонски светители кои биле свештеници и …








