ЈКП „Водовод“ – Битола упатува апел до сите граѓани за рационално користење на водата за пиење.
Водата е драгоцен ресурс, особено во услови на високи температури и зголемена потрошувачка, велат од претпријатието.
Од „Водовод“ нагласуваат дека треба да се избегнува непотребно трошење, како што е наводнување со питка вода, полнење базени, миење тротоари и возила.
Притоа потсетуваат дека секое прекумерно и нерегуларно користење ќе биде предмет на строги санкции согласно законските прописи.
„Да ја чуваме водата – заедно за подобра иднина!“, стои во пораката од ЈКП „Водовод“ – Битола.
Со концерт на Ningbo Symphony Orchestra свечено отворено 56. издание на „Илинденски денови“ во Битола
Со концерт на светски познатиот Ningbo Symphony Orchestra од Народна Република Кина, …
Понекогаш ја забораваме сопствената вредност
Има една лоша работа во секој од нас. Понекогаш забораваме колку навистина …








