IMG 221e49dc307ad0ecef2be418dc06bb35 V 1

Оваа 2025 година, Гимназијата „Јосип Броз –Тито“- Битола одбележува 80 години од првиот час одржан на македонски јазик. Ова училиште претставува вистински феномен и кога се разгледува како објект – градба и секако како место каде дел од своето образование го поминале слободно може да се каже најпризнатите интелектуалци во Македонија. Има интересен факт дека ниедна влада на Македонија не е формирана, а без притоа во неа да нема ученик од прочуената Битолска Гимназија, која во зависност од  исторски прилики и состојби била именувана со различни имиња, а од 6 февруари, 1945 година, кога се одржал првиот час на македонски јазик, а воедно и започнала наставата на македонски современ јазик,  оттогаш непрекинато, веќе 80 години Гимназијата е едно од напризнатите средни училишта на Балканот.

Во Гимназијата учеле народни херои кои подоцна го положиле животот на олтарот за слобода за Македонија, но и значајни македонски културно – научни дејци кои се значајни за цела Македонија.

IMG 1f783d5beb370540fb6a15c6ef1d1736 V

Битолчани народски Гимназијата си ја викаат „Горната“ – со оглед на тоа дека во Битола има уште една Гимназија, во склоп на СОУ „Таки Даскало“ кое е лоцирано во центарот на градот.

Од самиот почеток од кога е издадена образовна дозвола, во далечната 1892 година, кога Гимназијата почнала да работи како нижо училиште (тогаш зградата била во сопственост на  битолскиот бег Сали паша) – до денес е позната ширум Балканот како една од најквалитетните образовно – воспитно установи која ги следи непрекинато европските и светските трендови на формално образование.

Не може да се занемари ни фактот дека е едно од најубавите и најзначајните архитектонски зданија – кои ги има Битола, училишната зграда е вистинска убавица лоцирана во строгото градско јадро на Булеварот 1 Мај покрај реката Драгор.

IMG 2dbff324a98e17369d0eaa7f5212a170 V

Во моментот, на чело на СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“ е м-р Лидија Споа, која доаѓа од редот на наставно – стручен кадар. Гимназијата во полн ек се подготвува за големата прослава за Јубилејот 80 години настава на современ македонски јазик 1945 -2025.

IMG 221e49dc307ad0ecef2be418dc06bb35 V 1

Јубилејот ќе се одбележи со цело неделна проограма, почнувајќи со  настанот на:

 3 февруари во 18.30 ч. во Галерија „Ранко Струмениковски“ – „Создавам – значи постојам“ (изложба илустрации од македонски книжевни дела од средношколците и читање на наградените творби  од распишаниот литературниот конкурс) во од менторство на професорите: Биљана Т. Димко, Александар Поповски, Димче Солаковски и Сара Груеска.

4 февруари во 12 ч. ќе биде поставена изложбата „Портрет – изложба“ на ученичката Андреа Ресановиќ, а во 20 часот во Магазата ќе биде поставена изложба „Историски осверт на автори и уметници кои предвале или биле ученици во Гимназијата во организација на професорите и ликовни уметници Александар Поповски и Димче Солаковски.

5 февруари  премиерно ќе биде прикажан уметничко – документарниот филм „Неговиот глас“ во насловни улоги доајенот на битолското драмско глумиште Борис Чоревски и ученикот Борис Граматковски, под менторство на проф. Никола Трајковски, а во 20 ч ќе биде прикажан уште еден филм „Прекршени времиња“ под менторство на проф. по класични јазици Софија Бејковска.

IMG 3582274e88f2084059f4713409a7f4bc V

Јубилејната програма ќе биде заокружена на 6 февруари од 19 ч. со Свечена академија и театарската претстава „Експериментум Македоникум“ под менторство на професорите Даниела Петревска и Симона Петровска.

meblo trejd cestitka
Мајчинството ги менува жените – неколку работи за кои треба да се говори гласно
Жената кога ќе стане мајка, таа продолжува да расте заедно со своето …
Од СОС Детско Село до адвокатска кариера: Приказната на Марија што инспирира
Пишува: Сара Танаскоска Марија Самарџиска е млада, храбра и амбициозна девојка која …
SUMMER JK post

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…