lidija spoa nas

СОУ Гимназијата „Јосип Броз – Тито“ – Битола е една од водечките образовни институции во Македонија. Оваа година се одбележаа 79 години непрекината настава на македонски јазик во Гимназијата, в година  (2025) ќе се заокружи 80 годишен јубилеј. Интересен е фактот дека во клупите на познатата битолска гимназија, меѓу битолчани позната како Горната своето средно образование го стекнале голем број на народни херои во периодот пред 1945 година, за подоцна овде да учат идните академци и градители на новата повоена македонска држава. Гимназијата е позната по високите критериуми, квалитетниот професорски кадар и ревносни ученици. Со развојот на технологијата, Гимназијата е прилагодена кон современите методи на учење.

М -р Лидија Споа е на чело на Гимназијата „Јосип Броз – Тито“ Битола. Поводот за интервјуто се бројните успеси, креативноста и Патрониот празник кој ги воодушеви битолчани.

gimnazija 4

Читај бе: Колкав е предизвикот да се менаџира образовна институција како Гимназијата „Јосип Броз – Тито“ Битола?

Предизвикот е голем, но честа да се раководи Гимназија „Јосип Броз – Тито“ е уште поголема. Сепак говориме за образовна институција од каде започнала наставата на македонски јазик во Македонија, ние како нови  генерации неопходно е да го продолжиме патот на нашите претходни колеги, а истовремено да ги пратиме современите образовните текови и да одговараме соодветно на образовни потреби на учениците. Гимназијата е класичен модел на образовие која ја прилагодуваме парцијално – но, концептот е тој, оттука произлегува дека е неопходно да се работи, т.е учи, бидејќи учениците во високо образование сакаме да ги пратиме оспособени. Секако, првенствено целта ни е квалитетот на образованието.

Читај бе: Доаѓате на раководна функција од редовите на стручната служба – училишен психолог.  Колку ви помага тоа во менаџирањето?

Многу ми помага, затоа што ги знам предностите и недостатоците во училишната средина. Да се работи со деца, средношколци е голем предизвик. Секој ученик има свои специфичности, всушност како и сите ние – неопходно е да се прилагодуваме и почитуваме прво ние професорите. Да ги почитуваме и да се прилагодуваме кон учениците, но и учениците кон професорите со цел да успее мисијата и на професорот и мисијата на ученикот. Не постои проблем којшто не може да се реши – сѐ се решава, ако се има волја.

gimnazija 5

Читај бе: Колку се чувствуваат последиците од короната и како се борите како училиште со нив?

Со завршувањето на пандемијата,  сите ние се трудиме да ги надминеме последиците. Сите бевме загрозени во пандемискиот период и секој се бореше во зависност каков механизам за одбрана има – се трудиме да им бидеме постојано достапни на учениците, се разговара отворено – важно ни е како се чувствуваат нашите ученици,  стручната служба постојано интервенира ако има потреба.

Читај бе:  Што е најбитно во современото гимназиско образование?

Да се оспособи ученикот да се снајде во системот, да научи да избира, да стекне доволно знаење за да може да го запише оној факултет кој го сака. Со оглед на образовните насоки: математички, општествени и јазични смерови, во моментов од нашите клупи излегуваат идни уметници, идни физичари, лингвисти, доктори, архитекти…Гимназијата дава јасна цел и широки погледи.

gimnazija 3

Читај бе:  Што понесувате како искуство од меѓународните проекти?

Постојано се подобруваме и како професорски тим и добиваме нови можности за учениците. Секогаш може подобро, но да не заборавам – има и странски тимови кои учат од нас.

Читај бе:  Интересно е што на чело на цела Гимназијата се жени и во стручната служба се жени – полесно се работи?

Скромноста не е доблест – јас сум пресреќна бидејќи во мојот тим имам пред сѐ широки луѓе, професионалци кои умеат да се справат со сѐ – луѓе од доверба. Досега сите проблеми што сме ги имале сме ги решиле и сме ги надминале сите предизвици – имаме интересна синергија. Но, не само со стручната служба, тука е и професорскиот тим кој е исклучително професионален и подготвен максимално да соработува – така што мојот успех, всушност е наш успех, бидејќи сите ние сме Гимназија „Јосип Броз – Тито“.

gimnazija 2

Читај бе:  Воннаставните активности и неформалното образование од колкава корист се?

Важно е – особено денес кога технолошкиот развој се мери во секунди. Мило ми е што во нашите редови имаме ученици кои спаѓаат во групата надарени.  Доказ за тоа се и освоените места по натпреварите – одамна класичната настава не им е доволна на учениците и тоа е добро. Добро е да се учи од повеќе извори – се отвораат дијапазоните, се размислува функционално. Но, мора и родителите и ние професорите да внимаваме во која насока се движат тие воннаставни активности – некогаш знаат да отидат предалеку или во неадекватна насока за возраста на учениците.

Читај бе: Колку е современо образованието во Гимназијата?

Гимназијата соработува со европски училишта, постојано, па можам да кажам слободно дека можеби во некои сегменти сме и подобри. Имаме сѐ, и професионални професори и одлични ученици за соработка  и желни за нови искуства и знаење.

gimnazija

Читај бе: За брзо ќе се запишуваат нови ученици, матураните си заминуваат, што е битно да имаат на ум?

Учењето е најлесна работа. Да се потрудат да  си направат баланс меѓу учењето и социјалниот живот. Сѐ се постигнува со добра организација. Имаат можност да учат од одлични професори.  Сакам да додадам –  учениците веќе доаѓаат кај нас со стекнати знаења и вештини, но го продолжуваат своето  образование – ги мотивирам да се љубопитни, да прашуваат. Ние сме тука за нив.

Читај бе: Какви беа вашите средношколски денови?

Средношколски денови ги поминав во ОСМУ „Јован Калаузи“ каде стекнав огромно знаење и голем број на пријателства кои траат и денеска. Тој период, кога јас се запишував во Медицинско – беше навистина тешко, всушност Медицинското и по тоа беше познато – се запишуваа само одлични основци, бројот беше ограничен. Имавме практика неколку денови во неделата, дополнително феријална практика за време на летниот период. Учевме многу, излегувавме, се дружевме, се смеевме и бевме безгрижни. Додека бевме во средно училиште – негувавме модерен и урбан стил на облекување, исто и музика, начин на однесување и сл. Особен  позитивен белег во моето средно образование оставија професорите во медицинско Билјана Кокалевска по Македонски јазик и литература, Омер по Психијатрија, Офелија по анатомија и физиологија, Дени по интерно, Цветето по патологија, Цветето психологот и секако мојата класна Љубето.

gimnazija 6

Читај бе: Колку им сте достапна сега на учениците, со оглед дека имате огромен обем на работа како директор?

Секогаш сум достапна за моите ученици, тука сме за нив, не се сеќавам некој некогаш да сум вратила или да не сум го исслушала со оглед на обврските.

Се трудам да им бидам достапна што повеќе на учениците, но, некогаш имаме не само административни , туку и човечки ограничување, па затоа колешките од стручната служба совршено си ја извршуваат работата. Работата со учениците е незаменлива, со нив заедно растеме и ние.

Читај бе: Како се одвива инклузивниот образовен процес?

Инклузијата е најголемиот предизвик моментално, но даваме сѐ од себе да не потфрлиме. Секој од нас има посебни потреби, но навистина да се работи со ученици кои имаат одреден аутистичен спектар, попреченост, говорам за физичка или интелектуална и така натаму е вистинска наука, бидејќи секое дете е посебно. Досегашново искуство е позитивно од двете страни – и од училишната средина и од учениците.

Читај бе: Рецепт за успех во еден образовен колектив?

Соработка, почит, разбирање, толеранција и многу љубов. Сите сме биле ученици пред да станеме учители.  Не е лесно – бидејќи сите сме различни карактери, но сме едно семејство кое има иста цел – да успееме.

Интелигенцијата не се мери со диплома
Интелигенцијата не е исто што и образованието. Многу луѓе грешат кога го …
Четири работи што треба да им ги кажувате на децата секој ден
Постојат многу начини на кои можете да му кажете на детето дека …
meblo trejd za gradina косацки
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…