iazozba faksimil nas

Во изложбениот салон на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола поставена е „Изложба на факсимили од роднокрајни писатели – членови на Друштвото на писателите на Македонија подготвена од графичката струка од СОУ „Таки Даскало“ – Битола. Изложбата на овие вредни примероци од своерачно напишани творби од 24 реномирани писатели кои потекнуваат или живеат и создаваат во Битола, е подготвувана скоро две години. Секој факсимил е напишан на рачно изработена рециклирана хартија која, по повод 40-годишниот јубилеј на училиштето, ја изработија учениците од графичката струка од СОУ „Таки Даскало“ – Битола, под менторство на Весна Мундишевска-Велјановска и Валентина Ристеска, наставници по графички стручни предмети, а изложбата е реализирана во соработка со Гордана Ѓорѓиевска-Неделковски, библиотекар, координатор на „Роднокрајните средби на битолските писатели“.

iazozba faksimil.1

          Факсимили напишаа истакнатите македонски писатели: Елизабета Баковска, Димитар Башевски, Јордан Плевнеш, Раде Силјан, Веле Смилевски, Даниела Андоновска-Трајковска, Славица Гаџова Свидерска, Милица Димитријовска Радевска, Петре Димовски, Златко Жоглев, Никола Илијовски, Владо Јаневски, Елизабета Јончиќ, Љубе Митрејчевски, Весна Мундишевска-Велјановска, Кире Неделковски, Сашо Огненовски, Зоран Пејковски, Христо Петрески, Михајло Свидерски, Гордана Стојаноска, Мирјана Стојановска, Биљана Т. Димко и Добре Тодоровски.

iazozba faksimil.2

          Графичката струка овие вредни факсимили ги подарува на роднокрајното одделение на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола со што ќе се збогати фондот на ракописи од роднокрајни автори, ќе се придонесе за афирмација на творечките дострели на писателите и за зачувување на овие своерачни писанија како трајни вредности. Факсимилите од битолските роднокрајни писатели – членови на Друштвото на писателите на Македонија ќе бидат незаборавен белег на времето во кое овие автори живееле и создавале.

Промоција на книгата „Низ детските очи“ од Маја Богоевска на Светскиот ден на книгата
„Каде што зборовите не успеваат, приказните зборуваат“ – духот на детската литература, …
Битола во фокусот на светскиот театар: стартува 27. Фестивал на монодрама
На денешната прес-конференција беше претставена програмата на 27. Интернационален фестивал на монодрама, …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…