Првиот ден од „Мини Олимпијадата на Црвен Крст” во Битола започна со натпреварите во фудбал.
„Првиот ден помина успешно. Имавме 16 пријавени екипи за натпреварот во фудбал кој се одржа на игралиштето на ОУ „Елпида Караманди”.
За нас, сите хуманитарци се победници, но сепак, важно е да ги истакнеме тимовите што се искачија на подиумот. Третото место го освои екипата „Голтари”, второ место за екипата „Футстарс”, додека првото место е за екипата “Битола Јунајтед”.
Им честитаме на сите учесници и им посакуваме повеќе среќа во натпреварите што ни следат. “, велат од Црвениот крст Битола.





Киселата краставичка – тајниот сојузник за здравје
Киселата краставичка е традиционален дел од многу македонски трпези, особено во зимскиот …
Три натпревари и многу насмевки: „Младост“ гостуваше кај „Едесаикос“
Изминатиот викенд младите кошаркари и кошаркарки на КК „Младост“ – Битола гостуваа …








