kk mladost 7

Изминатиот викенд младите кошаркари и кошаркарки на КК „Младост“ – Битола гостуваа во Воден, каде одиграа три пријателски натпревари со своите врсници од реномираниот грчки клуб „Едесаикос“.

Натпреварите се одиграа во спортскиот комплекс „ДАК Едесас“, кој располага со спортска сала и затворен пливачки базен.

Први на теренот настапија најмладите кошаркари, генерациите 2017/2018/2019, кои со својата игра ги воодушевија присутните во салата. Потоа следуваше натпреварот на играчите родени во 2015/2016 година, додека во последниот натпревар силите ги одмерија кошаркарите родени во 2014 година.

kk mladost 3

Иако се играа натпревари, резултатот овојпат беше во втор план. Во преден план беа стекнувањето меѓународно искуство, дружењето и создавањето нови пријателства.

„Резултатите беа во втор план, битно беше децата да се стекнат со меѓународно искуство и да стекнат нови пријатели“, изјави тренерот на КК „Младост“, Горјан Стојановски, по враќањето од Воден.

Задоволство од гостувањето на битолскиот клуб изрази и претседателот на „Едесаикос“ БЦ, Јаковос Целидис.

„Нашата младинска академија работи неполни две години со млади играчи и за повеќето од нив ова беа први меѓународни натпревари. Им благодарам на КК „Младост“ – Битола што дојдоа во Воден за стекнување искуство и нови пријателства. Сигурен сум дека идната година ќе гостуваме во Битола кај нашите пријатели“, истакна Целидис.

По одигрувањето на натпреварите, младите кошаркари од Битола го посетија познатиот воденски водопад, како и центарот на градот, со што спортското гостување беше збогатено и со дружење и запознавање со Воден.

kk mladost 4

Гостувањето во Воден претставува уште едно значајно искуство за најмладите членови на КК „Младост“, а најавата за возвратна посета во Битола отвора можност за продолжување на спортската соработка и нови средби меѓу двата клуба.

Киселата краставичка – тајниот сојузник за здравје
Киселата краставичка е традиционален дел од многу македонски трпези, особено во зимскиот …
Порибување на акумулацијата „Стрежево“ – во четврток ќе се збогати рибниот фонд
Во четврток, 8 октомври 2026 година, со почеток во 12:00 часот, ќе …
You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии

Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…