code 369

Бендот CODE 369 со битолски регистарски таблички, веќе подолго време го освојува Балканот и она што е најважно  е дека се одлично прифатени и слушани, за тоа сведочат и топ листите на регионалниот музички канал MTV.  После бројните настапи надвор  – бендот повторно се враќа на сцената од каде ги бележи своите почетоци со добро познатиот  бенд „Памперс“ кој според членовите на бендот еволуира во денешниов  CODE 369, а тоа се забележува и во зрелоста на песните, за тоа битолската  и публиката од регионот ќе се увери на нивниот концерт на 22 август, 2024 со почеток од 21 часот на Платото на Офицерскиот Дом – Битола во рамките на Битфест.

Бендот CODE 369 го сочинуваат: Ирена Димовска Митревска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали), Иле Лулевски (тапани, придружни вокали) и Гоце Јованоски (бас гитара).

Албумот Stages of Love е првиот албум кој го создадоа и снимија како CODE 369

Првиот сингл со наслов „Остани до крај“ кој е многу често вртен на најпопуларните радио станици во државата, е истовремено амбиентален и подвижен, искажувајки ги турбуленциите на емоциите. Стиховите се стремат да ja величаат љубовта на долги патеки. Првиот сингл кој е снимен на хрватски јазик е со наслов Права љубав. Тој зборува за безвременооста и бесконечноста на искрените чувства и несебичноста.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…

Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…