Првиот ден од „Мини Олимпијадата на Црвен Крст” во Битола започна со натпреварите во фудбал.
„Првиот ден помина успешно. Имавме 16 пријавени екипи за натпреварот во фудбал кој се одржа на игралиштето на ОУ „Елпида Караманди”.
За нас, сите хуманитарци се победници, но сепак, важно е да ги истакнеме тимовите што се искачија на подиумот. Третото место го освои екипата „Голтари”, второ место за екипата „Футстарс”, додека првото место е за екипата “Битола Јунајтед”.
Им честитаме на сите учесници и им посакуваме повеќе среќа во натпреварите што ни следат. “, велат од Црвениот крст Битола.





Икигаи: јапонскиот одговор на прашањето – Зошто станувам секое утро?
Во свет каде постојано брзаме, каде успехот често го мериме со плата, …
Денес се празнува преносот на моштите на свети великомаченик Георгиј во Лида
На овој ден се празнува преносот на моштите на свети Георгиј од …








