IMG 20240311 WA0000 e1710235014450

На 12 март 2024 година, директорот на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола, м-р Бојан Стефановски потпиша меморандум за соработка со Здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен „Мобилност Битола“ со седиште во Битола, застапувано од претседателот прим. д-р Нико Јанков.

Библиотеката со години работи на еднакви можности за сите лица кои живеат во нашиот град, а имаат некој вид на потешкотии. Со овој меморандум, нашата библиотека и здружението само ја потврдија соработката. Дел од активностите предвидени со меморандумот се:

– взаемна размена на информации, знаења и искуства од областите на образованието и културата;

– учество, соработка и реализација на заеднички проекти;

– одбележување на значајни настани преку организирање на работилници, предавања, трибини, промоции и сл.; работилници за уметност и занаетчиство, промовирајќи ја креативноста и само изразувањето;

– часови со приказни за деца кои се фокусираат на теми за инклузивност, различност и прифаќање и уште голем број активности кои можат да се реализираат взаемно во просториите на нашата библиотека.

Младите преку фотографијата го откриваат културното наследство на Битола
Фотографии стари повеќе од еден век, кои сведочат за минатото на Битола, …
Денеска се празнуваат Светите славни Четириесет Битолски преподобномаченици
Свети 40 Битолски преподобномаченици се новоканонизирани македонски светители кои биле свештеници и …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…