Во второто коло од регионалната Бокс лига, битолскиот боксер Ален Рустемовски победи со прекин во третата рунда против домашниот боксер на Бокс Клуб Никшиќ, Филип Божовиќ.

Ова за Ален е втора победа по ред во Регионалната Лига. Тренерот Јове Петровски Оцо е многу задоволен од тоа како Ален избоксува од самиот почеток на борбата па се до крајот.
Нивниот следен предизвик е Меѓународниот турнир Златен Гонг во Македонија на кој Ален ќе настапи како млад сениор и ова за него ќе биде вистински тест.
4 Ноември – поголема автономија, значи поголема одговорност
Има разлика меѓу 4 ноември и 4 Ноември – првото е дата …
Ракотворството ги обединува различностите – успешно реализиран проектот на „Македонски ракотворби“ од Битола
Со обединување, едукација и промовирање на ракотворците од различна етничка припадност, проектот …









