pelagoniski

На 19  октомври во општинската сала на Општина Новаци ќе се одржат 24 Пелагониски културно – научни средби.

Оваа година, традиционалните награди, Советот на средбите, на чело со претседателката д-р Весна Калпаковска го доделува на еминентни личности кои со својата професионална работа имаат допринесено за развојот на уметноста, културата и науката во Битола и Македонија.

Повелбата за животно дело ќе му биде доделена на истакнатиот битолскиот новинар, хроничар и фотограф – Петар Ставрев.

Наградата „Златен клас за македонски вознес“ ќе ѝ биде доделена на новинарката Соња Лозановска, за промоција на македонскиот јазик, култура и уметност во Канада.

Оваа година, втор пат по ред ќе биде доделена наградата „Панде Манојлов“ за поезија, оваа награда Советот на средбите ќе ѝја врачи на д-р Лили Бошевска, која во континуитет го облагородува македонскиот поетски корпус со автентичен поетски израз.

Исто така,  награда за животно дело ќе му биде доделена и на битолскиот писател Ванде Ганчевски.

Во склоп на Средбите, ќе биде промовиран и 19 број на Зборникот на научни трудови на Пелагонските културно научни средби и презентирани тродовите кои ќе бидат сместени во 20 Зборник на Средбите, којшто ќе излезе од печат следната година.

Скопскиот џез-фестивал: 45 години музика без граници
Пишува: Сара Танаскоска Не мора секогаш да ја разбереме музиката за да …
Оној што гледа со сомнеж лесно може да почне да мрази човек – Свети Филарет Московски за осудата
Треба да ни биде потешко да ги судиме луѓето, отколку да ги …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…