Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола по 25-ти пат имаше учество на светската детска ликовна колонија „Евора 2О24″ во истоимениот град во Португалија.
Колонијата во Евора се реализира во организација на професорката и ликовен уметник Теодолинда Паскоал и нејзиното “Тео Артист” студио и галерија.
Оваа година на колонијата учество како претставник на Македонија со директна покана беше Сирма Спиркоска член на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола и ученик во III клас при гимназијата Ј.Б.Тито во Битола која патуваше во придржуба на претседателот на Управниот одбор на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола – Славчо Неделковски.
Учеството беше реализирано во периодот од 5 – 15 октомври 2О24 година.
“Светската детска ликовна колонија “Евора 2О24” се реализира по терк на “Малиот Битолски Монмартр” а госпоѓата Паскоал своевремено има освоено и Гран При во 2ОО3 година.
Ова беше прекрасна прилика за нашиот долгогодишен член Сирма Спиркоска која е три години по ред учесник на „Мал Битолски Монмартр” [ 2O22 – 2O24 ] како и „Мал Монмартр во Пловдив” во 2О22 и „Мал Монмартр во Софија” во 2О23 година.
На конкурсот претходно на темата „Морски свет” Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола учествуваше со 44 ликовни творбни на 4О свои членови од кои 1О освоија награди додека Сирма ја освои најголемата награда – Покана за учество на колонијата „Евора 2О24″.
Во Евора која е прогласена за Европска престолнина на културата за 2О27 година над 35 ученици од 1О земји твореа на теми кои генерално ја опфатија архитектурата додека еден ден се сликаше и во Музејот на Евора.
За време на колонијата беа реализирани и посети на градовите Фатима и Назаре а се посети и комплексот на манастирот Батаља.
Симра Спиркоска [ 16 ] во својата возрасна категорија на ученици од 16 до 21 година се здоби со посебно Признание – Диплома за уникатен ликовен пристап во своето творештво што за нас е голем успех.
Во Евора на шест локации во контекст на 25. издание на колонијата беа изложени ликовни дела на младите уметници од цел свет од минатата година меѓу кои и 5 цртежи на нашиот минатогодишен учесник Леа Стерјев.” – истакна Славчо Неделковски од ДЛС.
Во Евора воедно под огранизација на госпоѓата Паскоал се организираше и 1О. издание на изложбата на професионални уметници и професори на која учество имаа 1О реномирани учесници.
„Ние посетата во Евора ја искористивме и за работни состаноци со новоименуваниот ко-претседател на меѓународниот УО на “Мал Битолски Монмартр” за периодот 2О24 – 2О26 година – професорот Вејсел Аџар од Трабзон – Турција со кој го надоградивме концептот на колонијата во Битола на која за прв пат ќе учествуваат и професионални ликовни уметници кои претходно биле учесници на колонијата како ученици со свои изложби за што веќе е упатена покана кон ликовниот уметник Марија Дима од Романија.
Во Лисабон се релизираа посети и на ликовните студија на госпоѓата Џина Мартинс кои се лоцирани во Алмада и Лисабон како и нејзинте 2 ликовни галерии. Посетата резултираше со отворени можности за реализација на првата ликовна изложба на дела од колониите на “Мал Битолски Монмртр” во Португалија.” – додаде Неделковски.
На госпоѓата Паскоал на чинот на свечено отворање на колонијата во Евора и беше доделена Благодарница за нејзиниот ангажман како Претседател на Жири комисијата за 42. и 43. издание на колонијата во Битола.
Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола во меѓу време работи со полна пареа за претстојните ликовни конкурси а се очекуваат и резултати од оние на кои веќе се испратени ликовни дела на младите ликовни уметници.
Се работи на финализирање на апликациите за Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес од областа на културата за 2О25 година од страна на Министерството за култура и туризам.
Посебен акцент има и на финализирањето на последните преговори со вториот ко-претседател на меѓународниот УО на „Малиот Битолски Монмартр” професорката Лидија Кусин за изложба на дела од битолската колонија во Кисеља [ општина во близина на Сараево ] во Федерацијата Босна и Херцеговина во втората недела од ноември 2О24 година.