бошевска lili bosevska

Лили Бошевска е книжевен творец кој зад себе има обемна професионална научна библиографија.

viber image 2023 01 31 12 54 56 952

Она што е значајно за Лили е нејзината е непозната страна, да, а токму таа непозната страна, која јавноста ретко ја интересира е нејзината стварност – таа е прекрасен човек, со кого со часови може да се разговара на најразлични теми. Разговара за нејзините поранешни ученици на кои им предавала технички науки, со особена гордост говори за факултетските денови поминати на Техничкиот факултет во Битола, за нејзиниот кариерен развој и тн. Она што е особено интересно, Лили од активен читател премина во писателските води и тоа го направи, извонредно. Со текот на времето ќе се увиди дека поетскиот израз на Лили Бошевска всушност им даде јазична форма и содржина на многу чувства, нешта кои нѐ опкружуваат, а немаат име. 

viber image 2023 01 31 13 02 36 567

Автор е на книгите поезија: „Сенки во љубовта“, „Исповеди и екстази“, „Алхемија на вечната земја“, „Монолози со тебе, дијалози со себе“, „Надвор од времето“, за деца и млади: „Од приказна до драматизација и театар на сенки: Кокиченце девојченце“, „Самовилата со скршени крилја“.

viber image 2023 01 31 13 02 27 600

Според правилото – поезијата не се објаснува, туку се доживува – во продолжение три песни од Лили Бошевска.

Роб на галија во пресушено море

-Роб на галија сум- ми велиш-

Дланките ми крвават, од држење на грубите весла.

Рамената ми страдаат, од веслање во пустина жешка.

Сонцето не ме гали, ами пеколно ме пече.

Слугувам на туѓите интереси кои ме газат,

ми ја уништуваат слободата да изберам правец,

ми ја пијат креативноста, компасот не ме води.

Роб сум, на галија на пресушено море.

Роб сум, на својата немоќ,

Роб сум, на навиките свои.

Роб, кој помирено чека…

некој позаробен, глас да крене

некој поизмачен, да се побуни,

некој поизгубен, да почне да се бара.

Замавнуваат со камшикот и…  веслам,

иако знам дека во пустина така не се плови.

Дури и погрешниот правец тука нема значење,

зашто галијата во пустина кога плови,

сѐ ѝ станува неважно и не влијае врз нејзината неподвижност.

Ни нивните наредби, ни моето веслање,

ни едрата,  ни ветерот, ни сонцето…

ни твојата љубов, која час ми дава сила,

а час се труди да заборавам на веслањето.

-Роб сум на галија– ми велиш… и продолжуваш да веслаш.

Метаморфоза 2

Јас веќе не сум Денес,

се претворам во Утре.

Не сум согласна со моделот на овој свет.

Мојата возраст не е од оваа ера

Мојот поглед, не е денешниот светоглед.

Метаморфозата на умот, ја корне мојата зачмаеност,

ме летнува во нови светови,

ме прави жива, бар еден ден.

И моево гасенично тело знае дека ова не е крајот, ни целта.

Сака да излезe од самото себе,

во тело на пеперутка да влезе.

Да престане да е одраз на овој свет.

Да не ги отелотвори неговите форми и влекавост.

Да се спротивстави на  сегашната форма.

Да стане Метафизика, која однос помеѓу ум и материја бара.

Својство, кое се вивнува од супстанца.

Можност, која од стварноста извира.

Во ум и убавина, се претвора моево грдо набраздено тело…

Метаморфоза ме чека, телово ми го кине.

Ум нов ми раѓа

за да го  дочекам денот

 кога  со твојата светлина ќе блеснам.

За да го дочекам денот…

кога ќе живеам.

Наврнати прашини

Се напластија слоеви од незаборав

врз старите штици од господските куќи.

Се разлетаа пердуви од старите

перници, одамна без сон оставени.

И промајата стивнува,

чека да одлета заедно со

покривот со поткастрени оџаци.

Порој ги откорнува олуците

и во слапови ги полева боите

насликани по ѕидовите.

Врнат прашини  по

штиците од  господските куќи

и со покривка тажна ги покриваат.

Од овие прашини извирам и

во нив сакам, некогаш да се вратам,

прашината – плодна почва да ми биде.

Пороите да ме наводнуваат

и пак тука да никнам,

со прстот засаден во прашината

додека по штиците го пишувам- твоето име.

Вечер на музика со македонски писатели во организација на Book’s House – собраните средства за хуманитарни цели
Синоќа се одржа настанот „Хуманитарна вечер со македонски автори“ во организација на …
„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски го отвори 44. Издание на ИФФК „Браќа Манаки“
Филмот „Домаќинство за почетници", по сценарио и во режија на Горан Столевски, …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Кога љубите не велете: родени сме еден за друг, оти љубовта е потрага, не се добива по раѓање – поетски израз на Влатко Деловски

Влатко Деловски е човек – систем, роден во Битола, а потекнува од…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

„Светот стана прибежиште за сите стравови“ – Виктор Дамчевски, кој умее да го чуе она кое не говори

Виктор Дамчевски е економист по професија. Живее во Битола. Често има ораторско…