мал битолски монмартр

Убави вести доаѓаат од УНЕСКО – Франција 13 ученици на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола освоија 13 награди. Признанијата заминаа кај Андреа Ресановиќ, Валерија Костовска, Никола Тасевски, Фросина Полизовска, Меланија Кондовска, Анастасија Наумчевска, Сара Наумоска, Леа Стерјев, Сирма Спиркоска, Марија Јанкуловска, Ана Полизовска, Ангела Цветковска и Јана Талеска.

Исто така, студиото доби покана за учество од 24. светски детски ликовен конкурс – изложба и колонија формирана по теркот на Малиот Битолски Монмартр – Евора – Португалија 2О23 за нејзиното 24 издание како почесни гости по повод 55 години постоење, каде ќе им биде врачено признание за 55 годишно постоење.

Инаку 20-члена делегација на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” од Битола во моментов е во Брисел по покана од членови на Европскиот Парламент која се реализира во периодот од О6 – 1О март 2О23 година.

Посетата ќе се искористи за запознавање со Брисел ?? како престолнина на Белгија а примарниот акцент ќе е посветен на запознавање со работата на органите и телата на ЕУ со средби со челниците на Европската комисија ?? европратеници и амбасадори на други земји во ЕУ.

Реализирани беа состаноци и средби со европратеници при Парламентот на Европа и известители на Европската Комисија за Македонија како и реализирана работна вечера со Еврокомесарот за образование – култура и млади на ЕУ на која се говореше за состојбите при 55 годишното Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола изминатата година и реализацијата на „Мал Битолски Монмартр” во своето 42 издание за 2О23 година.

„Ќе се реализира и состанок со Еврокомесарот за образование – култура и млади со кој ќе разговараме меѓу другото и за „Мал Битолски Монмартр” но и проекти кои сродни организации од Македонија на полето на младите – образованието и културата може и треба да ги реализира со Бугарија во контекст на добрососедските односи“, велат од ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ Битола.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…