Во прекрасен амбиент на спортската сала во средното Медицинско училиште свечено беше отворен 11. меѓународен Велигденски кошаркарски турнир “БИТОЛА 2023” со учество на 8 екипи во младинска и 12 екипи во категоријата “Ветерани 50+”.
По дефилето на екипите, на поединци ин беа доделени Благодарници за развојот на битолската кошарка и организација на овој турнир.
По натпреварите во групи се издвоија и фаворитите. Кај ветераните најповеќе прикажаа екипите на Задар, Струмица, Лесковац и Штип, а кај младите категории Кавадарци.
Натпреварите продолжуваат денеска со борбата за пласман и полуфинале кај ветераните и завршните натпревари кај младите категории.