elena

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од Битола, проекти за кои овие млади луѓе се потрудиле и својата визија ја преточиле нацртана на хартија со надеж дека во иднина ќе стане реалност.

Елена Невеновска од Битола, магистриран архитект на Архитектинскиот Факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” Скопје, во својот магистерски труд се осврнува кон човекот како единка зависна од природата и храната. Природата е клучот за развитокот на човекот и одржување на истиот во живот, па затоа човекот уште од далечното минато се стреми кон промени и прилагодувања, се со цел да му се олесни начинот на живот и да му се зголемат можностите со кои располага и го опкружуваат. Елена, во својот магистерски труд, користи ретроспективно враќање наназад, со цел да ги разгледа настаните кои довеле до денешните климатски промени, појава на штетни емисии на гас, намалување на ресурсите, како и штетноста на неорганската храна врз човекот. Со помош на многубројните обработени и анализирани истражувања се доаѓа до еден, не толку завиден резултат, кој ја потврдува нахранетоста на популацијата, помогната од развојот и индустријализацијата од своја страна, поврзани со развојот на науката и генетско модифицираната храна, но го минимализира здравиот начин на исхрана. Невеновска во својот труд, ја акцентира потребата од производство на органска храна, како и враќањето во природата и руралната средина.

Во непосредна близина на с. Железнец, во водите на Црна река се прават интервенции на веќе постоечки рибник, со цел спојување на една веќе позната дејност, позната под името аквакултура, односно производство на автентична риба, калифорниска пастрмка, со  производство на раноградинарски култури овозможени со примена на нова, самоиздржлива метода, наречена аквапоника, како и одвивање на руралниот туризам како утврдена и протежирана економска гранка во денешното време. Реализацијта на овој проект би го намалила увозот на храна од странство, а би го зголемила квалитетот на производството и бенефитите на државата, така што би се зачувала традицијата, која датира од минатото и би се обезбедило повторно враќање кон руралните површини, што е од голема важност за луѓето, како живи организми.

1

Моментална состојба на рибникот

6

Слика од локацијата врз која се прави интервенција

„Како и секој проект, така и овој има своја големина во процесот на негово реализирање и истражување. Во мојот случај позиционирањето и начинот на функционирање на содржините беше реализиран преку длабоко проучување за стопанските дворови, нивните содржини како и начинот на нивно зонирање и функционирање, исто така и рибите, нивните потреби, начинот на нивно одгледување и развивање, тесно поврзано со новата метода аквапоника, со цел да се овозможи нивно непрекинато функционриање. Секако и запознавање со локацијата, нејзините предности и недостатоци согледувани врз поширок и потесен аспект и можностите кои ни ги нудат природните зададености” – констатира Елена Невеновска за Читај бе.

Изборот на локацијата е територијата која се наоѓа на патот, од градот Демир Хисар кон градот Кичево, во близина на реката Црна, како место во ридско-планинско подрачје кое нуди големи природни вредности и е здобиено со веќе развиена индустриска зона. Меѓутоа, фокусот е насочен кон аквакултурата, како веќе постоечка индустриска гранка, која е најактивна токму во тој предел.

рибнк

Фокусот на магистерскиот труд се задржува во зоната на производството, како главна зона, во која е сместена аквакултурата, како индустриска гранка за производство на риба. Производството на риба е врзано за нова метода на производство на рано градинарски култури – аквапоника. 

„Објектите се распоредени така што го следат производниот процес на рибата (како примарна индустрија), како од мал организам (икра), истата се развива и се одгледува, па се до степен кој е соодветен за продажба. А што се одонесува на раноградинарските култури, тие се тесно поврзани со процесот на одгледување на рибата и до некој степен дури и зависат од тој процес” – вели Елена. 

8
9

Како нова метода, која сеуште не е развиена на територијата на нашата држава, Невеновска, ја импленемтира методата на создавање на раноградинарски култури.

Што е аквапоника? Аквапониката е систем кој прави комбинација од двете преходно производни гранки и тоа аквакултурата, односно одгледувањето на риби и хидропониското одгледување на раноградинарските култури. Ова  е процес кој е самоиздржлив и тој е тесно поврзан со рибниците. Процесот се одвива така што хранливите материи од водата во рибниците, односно водата со изметот на рибите преку цевки и различни филтри доаѓа во делот за аквапониката, во кој, во така наречени кревети со вода се поставени растенијата, водата поминува низ нив и повторно преку други цевки и филтри се прочистува и се враќа назад во рибниците. Ова се главните причини, поради кои аквапониката важи и за самоиздржлив процес.

10
meblo trejd cesmi 1

,,Во оваа ситуација, аквапониката или објектот во кој е сместена аквапониката е лоциран на десната страна од рибниците, односно на југо-источната страна на локацијата, поради тоа што е потребно големо количество на светлина” – Елена Невеновска за Читај бе.  

11

                               Пример за извршување на производството

12

Како што беше погоре напоменато, овие куќарки, за привремен престој (вили) се сместени во долната зона, односно на југозападниот дел, тргнати на страна од сите содржини кои предходно ги обработивме, со цел создавање интимен дел каде што може да се дојде на викенд, на пикник итн…

13

Надворешен изглед на вилите

14

Предвидениот изглед на ресторанот

„Главната цел и идеја е проектирање и адаптирање рибник, кој во својот состав има и содржини кои привлекуваат и рурален туризам. Со оваа интервенција се воочува поврзаноста на човекот со руралниот свет, како егзестенцијален извор на енергија, кој е овозможен преку оваа архитектонска интервенција. Во погоре наведениот текст е приложено решение со концепт и сценарио на локација надвор од градот, со која се вреднува производството и се искористува максимално нејзиниот потенцијал” – заклучува Елена Невеновска.

jk tunis

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…