atletiko naslovna

Од денес како ново име во школа Атлетико е Штерјовски Зоран, тренер кој поседува ПРО Лиценца, тренер кои зборува два странски јазици, англиски и германски, тренер со големо домашно и меѓународно искуство, кој е ангажиран како кординатор на школата.

„Во наредните неколку месеци Штерјовски Зоран ќе ни помогне во организација на тренажниот процес за сите категории, а ќе биде задолжен и за едукација на нашите тренери и пред се едукација на нашите млади фудбалери и фудбалерки, да се издигнат на едно повисоко ниво. Го ангажиравме со надеж дека еден ден ќе произведе многу млади играчи за нашиот клубот, за репрезентацијата на Македонија и за големите европски клубови.“ рече Никола Гелевски од ФК Атлетико.

Фудбалската Школа Атлетико гази цврсто на зацртаните цели и планови. Кон исполнувањето на истите, вклучуваме наши поранешни играчи и тренери кои со своето искуство и знаење ќе им го покажат вистинскиот пат на идните репрезентативци и репрезентативки на Македонија од нашиот клуб, дополнува Гелевски.

Клубови кои ги има водено како тренер досега Штерјовски се: Фк Пелистер, Фк Кожув, Фк Силекс, Фк Победа Прилеп, Фк Брегалница Штип тие се домашните клубови, а ги водел како тренер и следните странски клубови : Fc Lokomotiv Plovdiv (Bugarija), Fc Agrotikos Asteras (Grcija), Fc Qingdao Janoon (China).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…

Четвртото издание на „Трчај бе“ низ објективот на Саше Богоевски

Со учество на 1400 атлетичари од 12 земји од светот, денес во…