Објавени резултатите од VII издание на светскиот детски ликовен конкурс – изложба и колонија во организација на Детското ликовно студио – здружението за култура „Арте.Ро.” и Пиетра Неамт креатив, а во соработка со Детскиот едукативен центар – градската библиотека и градската управа на Пиатра Неамт – Романија.
“Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола воедно е и ко-основач на оваа светска детска ликовна колонија исто како и оние во Хонг Конг – Евора – Белград – Софија … од кои сите по ред во некоја фаза добила покровителство на УНЕСКО. И тоа самото по себе не прави особено горди кога на вакви комплексни светски детски ликовни манифестации кои се и конкурси и изложби и генерираат светски детски ликовни колонии наши ученици освојуваат високи награди.
Тоа беше и остана мисијата на Коста Хаџи-Антоновски. Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола од Пиатра Неамт е добитник на “златен медал” како воспитно образовна институција а посебни Признанија за својот професионален пристап во работата на ниво на промоција на светското детско сликарство во глобални рамки добиваат и претседателката на ДЛС Елена Хаџи-Антоновска и претседателот на УО на ДЛС Славчо Неделковски.” – истакна Томислав Стерјев – координатор на ликовни активности при ДЛС.
На светската детска ликовна изложба по конкурс во Пиатра Неамт учествуваа школи од над 3О држави кои генерираа фонд од над 5.5ОО детски ликовни дела. По селекцијата на цртежите кои беа на темите “Цвеќиња” и “Архитектура” прогласени се и наградените ученици.
“Како ДЛС имаме еден ученик со Диплома за почести која се доделува на ученик кој низ своето творештво прикажал индивидуален пристап кој меѓународната жири комисија го оценила за талент со специфична техника и стил. Она што пак како континуитет од 2О22 па низ 2О23 година е што и во 2О24 година 2 имиња на наши долгогодишни ученички продолжува да ги издига во нивната професионалност високо на пиедесталот на светското детско ликовно сликарство. Тоа се успесите на Леа Стерјев која го освои прво место – златен медал во категоријата ученици од 13 до 16 години и Ана Полизовска која го освои второ место – сребрен медал во истата категорија.” – истакна Славчо Неделковски – претседател на УО при ДЛС.
ДЛС секоја година без прекин над 2О години е учесник на колониите во Романија и Португалија кои се и во засебна група детски ликовни колонии под покровителство на УНЕСКО иако за 2О23 година не беа доделени средства од соодветното министерство а учеството се реализираше со донации.
“Единствени кои го преставуваме ДЛС – Битола и Македонија и тоа очигледно е малку. Малку е и што редовно нашите ученици се прво и второ место три години по ред и во Романија и во Португалија. Но ете за скоро ќе знаеме колку и дали Македонија ги препознава овие успеси со Годишната програма за финансиска поддршка на проекти во културата од национален интерес каде аплициравме со 8 проекти. Воедно нашиот претседател на УО беше на неформални средби со членови на УНЕСКО во Рим – Италија на кои се конкретизираа активностите ДЛС и неговите 2 манифестации – светската детска ликовна изложба по конкурс “Битола” која во 2О24 година ќе го има своето 42 издание и светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” во своето 43 издание да бидат номинирани и признаени во категоријата светско културно наследство. Тоа е процес но битно отворени ни се вратите за постапката. Секако и за тоа како и за се до сега ќе се избориме самите, а со цел промоција на Македонија – нашиот град Битола и секако ДЛС” – истакна Елена Хаџи-Антоновска – претседателка на ДЛС.
Во 2О23 година Леа Стерјев и Ана Полизовска беа добитнички на Пофалница од Општина Битола во сегментот ликовна уметност и успеси на домашни и меѓународни натпревари, а Стерјев беше и добитник на 4 годишна стипендија од Министерството за образование и наука за своите успеси во ликовната дејност на глобално ниво и се тоа преку нивните активности како членови на Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола.