IMG 9487

Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола во рамките на проектот „Модерно е зелено – Мапирај за чиста Пелагонија“ ја пушти во употреба веб-страницата www.mapiraj.mk каде што десет млади волонтери од општините Битола, Прилеп, Крушево, Могила и Новаци во наредните месеци ќе ги мапираат дивите депонии во нивните места на живеење. 

IMG 9486

Покрај мапирањето на диви депонии, на веб-страната ќе се пласираат и информативно-едукативни блогови од областа на екологијата. 

Претседателот на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола, Мартин Николовски, изјави дека активностите се насочени за подигнување на јавната свест за заштитата на животната средина и намалување на загадувањето во Пелагонискиот регион. 

„Пелагонија се гуши во отпад кое несовесните граѓани го фрлаат буквално каде стигнат. Од друга страна пак, сакаме да ги поттикнеме комуналните претпријатија и општините повеќе да се посветат на оваа проблематика за зачување на животната средина. Во рамките на овој проект планираме да мапираме околу 50 диви депонии и преку интерактивната мапа на нашата веб-страна www.mapiraj.mk да следиме дали истите ќе бидат исчистени или не. Ги повикувам сите граѓани кои ќе забележат диви депонии во нивните места на живеење да ни испратат фотографии и локација за да може да ги споделиме со јавноста“, рече Николовски.

IMG 9488

Во изминатиот период, Здружението Интерактив –Битола организираше дебатен еко клуб за адресирање на локалните еколошки проблеми во опфатените општини, обука и теренски активности за мапирање диви депонии, како и работилници за екологија, зелена дигитализација, зелено новинарство и работилница за подготовка на еколошка кампања.

IMG 9489

Активностите се во рамки на проектот „Модерно е зелено – Мапирај за чиста Пелагонија“, имплементиран од Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини”, имплементиран од  Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина Гоу Грин Скопје, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив, финансиски поддржан од Европската унија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…